Пет основни правила за користење на клима уред

Доколку не се користат правилно клима уредите можат да се штетни по здравјето

 |  инфодеск  | 

Целта на вградување на клима уредот во просториите е да осигура попријатни животни и работни услови, но нивното користење може да има и негативни последици кои можат лесно да се избегнат доколку се придржувате на овие пет основни правила.
Разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура не смее да биде превисока, поточно поголема од 7 до 10 степени, а во спротивно организмот не може во краток период да се прилагоди на промената на температурата и доаѓа до шок на организмот кој влијае негативно на здравјето. Долготрајно изложување на ладно влијае на работата на метаболизмот. Циркулацијата е успорена па и сите други активности во мускулите, крвните садови и нервите се одвиваат поспоро.
Најздрав начин за престој во просторијата е таа прво да се разлади, а потоа клима уредот може и да се исклучи. При излегување на надворешна температура на организмот му се потребни неколку минути на привикнување без клима и во тој случај полесно го поднесува шокот. Посебно внимание треба да се обрне на најмладите бидејќи подолг престој во климатизиран простор може да доведе до запаление на увото.
Одржувањето и чистењето на клима уредот е исто така важно. Филтерот низ кој минува разладениот воздух треба да се чисти барем еднаш годишно бидејќи валканата подлога е идеална за развој на штетни микроорганизми, а некои од нив можат да предизвикаат и воспаление на градите.
Клима уредот никогаш не смее да дува директно во вас, а исто така, уредот морате да го поставите така што да нема пречка за протокот на воздухот.
Обрнете внимание на тоа колку топлина влегува низ прозорецот за време на денот за поекономично трошење на електрична енергија. Ова е важно бидејќи клима уредот се “бори” со повеќе топол воздух така што ќе работи повеќе и ќе троши повеќе електрична енергија, а со тоа и повеќе потрошени пари. Во зависност од тоа колку е сонцето силно, отворајте и затворајте го прозорецот за да не влегува многу топлина во просторијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top