Пет најсмртоносни напади на патнички авиони

Малезискиот МН17 е најсмртоносен

 |  инфодеск  | 

Малезискиот авион со 298 патници и членови на екипажот кој се сруши во Украина, ако се докаже дека го срушила ракета, тоа ќе биде најсмртоносниот напад на еден комерцијален авион во историјата на цивилното воздухопловство. Последен ваков напад беше во 1999 година кога транспортен авион на TransAfrika, Lockheed Hercules, беше срушен кај Bailunda во Ангола. Притоа загинаа сите девет патници и членови на екипажот.

Ова се пет најсмртоносни напади на патнички авиони:

IranAir, 1988 година

На рутата од Bandar Abas кон Dubai, летот на IranAir 655 го сруши американски воен брод во близина на иранскиот брег. Загинаа сите 290 патници и членови на екипажот. Американската морнарица соопштила дека го срушила по грешка бидејќи Airbus 300 го заменила со непријателски борбен авион Ф-14 на иранските воени сили.

KoreanAir, 1993 година

Боинг 747 на KoreanAir го срушија советски авиони откако залутал во воздушниот простор на СССР, а се движел на рутата од Anchorage на Аљаска спрема Seul во Јужна Кореја. Сите 269 патници и членови на екипажот загинаа.

LybyanAirlines, 1973 година

Откако го пресретнале израелските воздушни сили и отвориле оган на него, Боингот 727 на Lybyan Airlines се срушил при обидот за принудно слетување. Авионот залутал во израелскиот воздушен простор поради навигациска грешка и се срушил во Синајската пустина, 150 километри од Каиро. Загинаа 106 од 113 патници и членови на екипажот.

Air Georgia, 1993 година

Авионот Tu-154 на Air Georgia го сруши ракета во Абхазија – спорна грузијска територија. Авионот паднал на пистата и се запалил, а притоа загинаа 108 од 132 патници и членови на екипажот. Се верува дека тоа било чартер лет на грузијското министерство за одбрана а превезувал војници како засилување во судирите околу абхазиската престолнина Сухуми.

Sudan Airways, 1986 година

Набрзо по полетувањето од Malakala во јужен Судан, Fokker F-72 на Sudan Airways го сруши суданската народно ослободителна војска. Загинаа сите 65 патници и членови на екипажот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top