Годишниот индекс е направен на темелите на резултатите на Universum студентското истражување спроведено во 12 европски земји: Велика Британија, Русија, Италија, Шпанија, Холандија, Швајцарија, Шведска, Норвешка, Полска и Белгија.
Индексот е поделен на две скали: една на темелот “bussines” студија и другата на темелот на инжинерска студија, што претставува преференца за повеќе од 130.000 лица кои бараат работа во Европа. Истражувањето е спроведено помеѓу октомври 2013 и март 2014 година.
“Млдите луѓе денес сакаат да работат во компанија каде ќе им се овозможи да направат промени во светот, а во Siemens постои огромен простор во кој може да се отствари генијалноста и страста за она што е навистина важно. Развојните можности и динамичното работно опкружување го чинат Siemens идеален работодавач за студентите во инжинерството во Европа”, нагласила Teresa Collis, шефица на одделот Global Employer Branding во Siemens кој е првопласиран во ова истражување.
Инжинерите во склад со нивниот избор за идеален работодавач, направиле мали поместувања во однос на минатогодишниот избор на првите пет: IBM се искачил од трето на второ место, додека BMW групацијата од второ паднала на трето место. Google и Microsoft и понатаму се на четврто и петто место.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град