PayPal покрена нов “P2P” сервис за плаќање

PayPal.Me e потполно персонализиран и со нови можности

 |  инфодеск  | 

По прв пат, сите кои користат PayPal сервис ќе можат преку новата услуга на домејнот PayPal.Me да користат персонализиран URL кој ќе го олесни примањето пари на овој популарен сервис.

Иако многумина се прашуваат која е причината PayPal да покрене нешто што веќе го има во портфељот, но ова навистина е нешто сосема ново. Прво и основно, линкот и обликот paypal.me/вашето корисничко име се едноставни за помнење и споделување на социјалните мрежи, ако на пример собирате донации за некој нов проект. При тоа се нагласува едноставноста за ралика од класичниот PayPal за уплата и примање пари бидејќи станува збор за сервис кој е наменет за нешто помлада популација која ќе може да споделува пари за трошоци, да позајмува пари на пријатели и на фамилијата, да му плати некому ручек во некој ресторан и слично. Значи, станува збор за своевиден “peer- to- peer” (P2P) сервис за материјални трошоци.

PayPal веќе сега има база од 170 милиони активни корисници ширум светот, а со услугата PayPal.Me сака да оди еден чекор понатаму и да создаде, како што велат, “сосем ново корисничко искуство кога е во прашање плаќање по пат на web”.

Како што денес сѐ се случува во движење, потребна е брзина, мобилност и едноставност, а PayPal.Me  тоа го има. Постои сличен сервис кој се нарекува Venmo, но тој работи само со американски банки.

PayPal.Me тргна во 18 земји во светот и пописот можете да го видите на официјалната страница. Како и многу пати досега, Македонија моментално не е на списокот во кој новата услуга е достапна, но во PayPal тврдат дека услугата ќе ја дисперзираат во сите земји што е можно побрзо.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top