Министерството за правда на Соединетите Американски држави побараа од компанијата „PayPal“ да им достават одредени информации за кои се сомничат за перење на пари.
“Добивме судска покана од американското министерство за правда во која се бара да направиме одредени извештаи за историјата на нашата програма против перење пари”, наведе компанијата PayPal во годишниот извештај доставен до комисијата за хартии од вредност на САД.
Од компанијата изјавија дека соработуваат со властите и не шпекулираат со исходот на истрагата.
Оваа вест направи притисок на акциите на PayPal кои паднаа за повеќе од 1,5% на 40,24 долари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град