Од Велика Британија во Шпанија, минатиот месец, патувал со погрешен пасош. Neil Clulow има 50 години, ќелав и носи брада, а во пасошот фотографија на русокоса.
Тој тврди дека пред да излезе од куќата случајно го грабнал пасошот од својата девојка. На аеродромот во Бирмингем немал додатни прашања поради пасошот, а истото му се случило и на аеродромот во шпанскиот Аликанте.
Грешката ја приметил неговиот пријател кога сакал да ги спореди фотографиите во пасошите.
„Јас и пријателот се шегувавме со нашите лоши фотографии на пасошите. Ја погледна мојата и ми рече – Neil, ти на оваа слика изгледаш многу подобро отколку во вистинскиот живот -“, раскажал Clulow.
Авионската компанија го обвинила својот вработен за инцидентот и потврдила дека му овозможила да патува со неисправен пасош.
Во тек е истрагата, а Clulow го замолиле да го идентификува вработениот кој го пропуштил, но тој одбил тоа да го направи и отогаш не му се јавиле, пишува Huffington Post.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град