Паниката е влезена во целата нација

Грчката влада упорно праќа порака “Без паника”, но…

 |  инфодеск  | 

Граѓаните на Грција овие денови се во очај бидејќи банките ограничија исплата на пари и ги затворија своите врати до 6 јули. Тие имаат средства само да преживеат една седмица, но владата упорно им ја испраќа пораката “Без паника”!

Но, многу е лесно тоа да се каже отколку навистина да се отствари во пракса за милиони луѓе кои живеат на работ од кога сфатија дека банките преку ноќ практични им го ускратија правото на своите пари. На вратите од банките се спуштени решетките, нивните вработени се пуштени на неодредено време, а банкоматите се пресушени, јавува News.com.au.

Луѓето се надеваат, и понатаму стојат во редови пред  банкоматите, додека на секој од нив му е дозволено да подигне само 60 евра, без оглед на статусот кој го имаат.

На туристите им се советува да размислат за плановите што ќе посетуваат бидејќи се очекува да платат во кеш. Иако е најавено дека оваа ситуација ќе трае до 5 или 6 јули, тоа за многумина е предолго со оглед на тоа дека им е забранет пристап до своите пари без да бидат прашани.

The Guardian пишува дека во Грција, од кога е почната тешката финансиска криза во 2009 година, значително е зголемена стапката на самоубиства. Во 2012 година таа се зголемила за дури 40% и во повеќето случаи се работи за луѓе кои живеат во сиромаштија и на работ на егзистенција.

Кризата се чувствува и вон земјата бидејќи последователно паднаа и цените на акциите, а експертот за маркетинг во Voya Investment Menagment, Karyn Cavanaugh изјавил: “Кога некаде луѓето стојат пред банкомати, од другата страна стојат инвеститори кои се прашуваат, што ако ова се прошири, што ако луѓето почнат да паничат?”

Во моментов сите се плашат, и не знаат што ќе се случува. Прашајте сега 10 луѓе што ќе се случува и ќе добиете 10 различни одговори, рекол еден засегнат граѓанин на Грција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top