Дек 17, 2011

Куршуми за Монти и Берлускони

Италијанската пошта во Калабрија пронашла десетина писма адресирани до сегашниот и поранешниот италијански премиер, Марио Монти и Силвио Берлускони, како и на уште десетина други адреси. Писмата кои немале марки, биле испратени од “Движењето на вооружените пролетери“ кои барале “ревизија на противкризниот план“. “Ќе ни платите. Ќе ве нападнеме вас и тоа ќе биде војна до смрт. Ќе ги преколнувате противкризните мерки и со крв ќе ги платите“, стои во пораката на заканувачкото писмо. Во писмото насловено до актуелниот италијански премиер имало куршум од девет милиметри, а во писмото за Берлукон…

Дек 16, 2011

Бунтовничкото кинеско село кое и кажа „НЕ“ на Комунистичката партија ќе изумре од глад

Бунтовничкото село Вукан во Кина, кое од пред извесно време не е под контрола на Комунистичката партија и се наоѓа под полициска опсада има залихи од храна за само десетина денови, пишува лондонскиот весник „Дејли телеграф“.Како што јави дописникот на МИА од Лондон, селото кое стана познато низ цела Кина и во светот од неделата е блокирано од сите страни од бројни полициски сили, откако полицајците претходно не успеаја да ги натераат селаните да се предадат.Поради тоа во Вукан нема никаков дотур на храна, ниту на вода, а никој од жителите на селото не смее да го напушти.Судирот меѓу селанит…

Дек 16, 2011

Фукушима конечно ставена под контрола

Јапонската влада денес соопшти дека девет месеци по земјотресот и цунамито, нуклеарната централа Фукушима е доведена во стабилна состојба на “ладно гасење“. Сега може да започне макотрпниот, 40 годишен процес на рушење на нуклеарката и деконтаминација на областа.Инаку “состојба на ладно гасење“ значи дека температурата на водата со која се лади горивото во реакторот е под точката на вриење. Оваа состојба во Фукушима е постигната уште во септември, но инжењерите не сакале да избрзуваат поради повремените флуктуации на температурата на водата.Катастрофалниот земјотрес и цунамито кои го погоди…

Дек 15, 2011

Путин: Непријателски сили настојуваат да ја истуркаат Русија од светската арена

Непријателски сили од Западот настојуваат да ја истуркаат Русија од светската арена, изјави денеска рускиот премиер Владимир Путин, одговарајќи на прашања на граѓаните преку телевизија, додавајќи оти некои од тие сили го споредуваат со Моамер Гадафи.- Слушнав такви изјави. Всушност во нив не се зборува за мене. Се зборува за Русија. Некои сакаат да ја отстранат Русија за да не им биде препрека, да не им пречи да господарат со планетата, коментира Путин.- Се уште постои страв од нашиот нуклеарен потенцијал, затоа Русија е толку силен иритичарки фактор. Освен тоа водиме независна надворешна п…

Дек 14, 2011

Прескокнете го Египет

Планирате да ги поминете новогодишните празници во Египет? Во тој случај добро информирајте се околу новите закони што се предложуваат и се очекува да бидат донесени. Со цел да не се нарушат вредностите што ги познава општеството, се бара да се забранат алкохолот и носењето бикини на плажите. Партиите „Ал Нур“ и „Муслиманско братство“ сметаат дека овие построги мерки ќе го спречат продирањето на „искривените“ вредности што доаѓаат од западноевропските земји. Египетската економија главно се базира на туризам и иако се свесни дека бројот на туристи ќе се намали доколку се донесат законите, се…

Дек 14, 2011

Тадиќ се повози во крагуевачки “Фиат”

Претставници на државното раководство на Србија присуствуваа во Крагуевац на претставувањето на првиот модел „L zero“ на италијанскиот „Фиат“, произведен во Крагуевац. Со новиот модел на крагуевачкиот Фиат се повозија српскиот претседател Борис Тадиќ и премиерот Мирко Цветковиќ кои изразија задоволство од проектот од кој очекуваат пораст на извозот од милијарда ипол до две милијарди евра кога ќе се подигне капацитетот на производството како и намалување на минусот во платниот биланс во Србија.Новиот модел се очекува да биде претставен пред јавноста на претстојниот саем за автомобили во Жене…

Дек 13, 2011

Крај на војната во Ирак

Американскиот претседател Барак Обама вчера во Белата куќа се сретна со ирачкиот премиер Нури ал Малики пред конечното повлекување на американската војска од Ирак, кое треба да заврши до крајот на годинава.На заедничката прес-конференција по средбата Обама истакна дека САД и Ирак се на пат „да свртат страница и да започнат ново поглавје“ во меѓусебните односи.- Тоа е историски момент. По околу девет години војната завршува, нов ден е пред нас и немојте никогаш да ги заборавите оние кои се заслужни за да ја имаме оваа можност, додаде американскиот претседател.НАТО вчера објави дека до 31 дек…

Дек 28, 2016

Земјотрес од 5,6 степени во Романија

Земјотрес од 5,6 степени по Рихтер ја потресе Романија, објави Европскиот сеизмолошки центар (EMSC-CSEM). Потресот се случил во 00:20 часот по македонско време во близина на градот Фокшани, област Вранча. Епицентарот е на 142 километри северно од Букурешт и се наоѓа западно од регионот на Вранча во сеизмичката зона на романските Карпати. Длабочината на ударот е околу 100 километри и тоа е причината сеизмичките бранови да се шират на релативно големи растојанија. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, потресот е почувствуван во Романија, Бугарија, Молдавија и западниот дел на Т…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top