Путин: Непријателски сили настојуваат да ја истуркаат Русија од светската арена

Некои сакаат да ја отстранат Русија за да не им биде препрека, да не им пречи да господарат со планетата, изјави денеска рускиот премиер Владимир Путин, одговарајќи на прашања на граѓаните преку телевизија, додавајќи оти некои од тие сили го споредуваат со Моамер Гадафи.

 |   | 
putin
Putin vo emisija

Непријателски сили од Западот настојуваат да ја истуркаат Русија од светската арена, изјави денеска рускиот премиер Владимир Путин, одговарајќи на прашања на граѓаните преку телевизија, додавајќи оти некои од тие сили го споредуваат со Моамер Гадафи.
putin
– Слушнав такви изјави. Всушност во нив не се зборува за мене. Се зборува за Русија. Некои сакаат да ја отстранат Русија за да не им биде препрека, да не им пречи да господарат со планетата, коментира Путин.

– Се уште постои страв од нашиот нуклеарен потенцијал, затоа Русија е толку силен иритичарки фактор. Освен тоа водиме независна надворешна политика. Сето тоа по се изгледа му пречи на некого, додаде рускиот премиер и нагласи дека Русија сепак на Западот има повеќе пријатели, отколку непријатели.

Во врска со изјавата на американскиот сенатор Џон Меккејн, кој го спореди Путин со Моамер Гадафи, рускиот премиер истакна дека Меккејн учествувал во војната на САД во Виетнам.

– Според мене рацете на Меккејн се извалкани крвта на голем број цивили и со оглед на тоа дека тој не може да живее без такви ужасни сцени многу му се допаднало кога на екраните беше прикажано во цел свет како го убиваат Гадафи. Зарем тоа е демократија?, го кометираше Путин убиството на поранешниот либиски лидер, за кое не беше покрената судска истрага.

Путин ги обвини специјалните сили на САД дека се вмешани во смртта на Гадафи.

– Американски беспилотни авиони го нападнаа конвојот на Гадафи, а потоа преку специјалните сили кои не требало да бидат таму ги повикаа т.н. опозиција и борците, кои го ликвидираат без суд и истрага, рече Путин.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top