Германската писателка со романско потекло Херта Милер, која е добитничка на Нобеловата награда за литература во 2009 година, побара од Германија посмртно да им ги одземе високите одликувања на поранешните комунистичките лидери Николаj Чаушеску и Јосип Броз Тито со Големиот крст на заслуги.- Одземањето на одликувањата би претставувало важна репарација и јасен сигнал за начинот, на кој ќе се врачуваат во иднина овие високи признанија на германската држава, изјави Милер во интервју за германското списание „Фокус“.Поранешните лидери на Романија и на некогашна Југославија со Големиот крст биле о…
Во семејството на Радмила Главоњиќ во селото Јездина во Чачак, Србија, кравата Ѓурѓа отелила машко виолетово теле.Телето, кое како да е потомок од кравата на најпознатите чоколади “Милка“, стана главна атракција во селото.“Дури кога кравата го излижа телето, видовме дека има необична боја, но мислевме дека со времето таа боја ќе премине во вообичаената. Но кога го видовме телето на дневна светлина наредниот ден, тоа навистина беше виолетово, исто како на рекламата“, раскажала Радмила Главоњиќ.Таа додала дека кравата ја купила во Нов Варош и дека до сега се отелила неколку пати. Ниту едно од…
Српското министерство за внатрешни работи добило дојава за подготовка за атентат врз српскиот претседател Борис Тадиќ, патријархот Иринеј, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и директорот на полицијата Милорад Велјовиќ, пишува српски “Данас“.Висок функционер на српското МВР добил смс порака дека за разлика од планираниот атентат во спoртската сала “Борик“ во Бањалука, новиот атентат ќе биде помалку спектакуларен. Пораката била предупредувачка, а не заканувачка и била испратена од мрежата на еден од српските мобилни оператори. “Не ја испратил некому кој е упатен во настаните во подзем…
Турски товарен авион се урна во близина на аеродромот Манас во Киргистан, при што загинаа најмалку 32 лица, повеќето од нив жители на селото погодени од боингот 747 додека се обидувал да слета во густа магла, изјавија официјални лица на Киргистан.
Според управата на аеродромот, авионот требало да застане во Манас, 25 километри северно од главниот град Бишкек, на пат од Хонг Конг кон Истанбул во понеделникот.
Се урнал при обидот да слета на слабата видливост во 7:31 по локално време.
Во несреќата се оштетени 15 згради во селото, рече Мухамед Сваров, шеф на Центарот за справување со кризи …
Маскирани лица ја нападнаа лидерката на Демократската алијанса Дора Бакојани во градот Ираклион на островот Крит.Напаѓачите носеле железни прачки и фрлале кон Бакојани со камења и кисело млеко, објавија грчките медиуми. Засега нема информации дали Бакојани се здобила со некаква повреда.- Долги години по ред влади, политички лидери, судски и полициски власти не направиле ништо за да ги спречат нападите на маскирани лица… Насилството и беззаконието во Грција добиваат неконтролирани размери, се наведува во соопштението на партијата во врска со инцидентот.{loadposition content9}
Францускиот суд и наложи на авиокомпанијата „Ер Франс“ да им плати 146.000 евра на патникот кој тврдеше дека во авионот на овој превозник бил послужен со отровно кафе, како и на осигурителната компанија која ги подмири трошоците за неговото лекување.Марк-Фреден Ниазер, на кого му се слоши за време на летот од Бордо до Париз во 2006 година откако го испил кафето во авионот, и кој е хоспитализиран веднаш по слетувањето, го тужеше „Ер Франс“ тврдејќи дека е отруен со средство за чистење цевки, барајќи отштета од 680.000 евра.- Симптомите се појавиле веднаш откако Ниазер го испил кафето и го из…
Првата дама на Франција, Карла Бруни Саркози (44) земала 2,75 милиони евра,од хуманитарниот Глобал фонд, со седиште во Швајцарија, пари наменети за кампања против сида и ги дала на својот пријател, музичарот Жулијен Сиванж. Тоа е мошне проблематично, бидејќи нејзиниот сопруг, претседателот на Франција Никола Саркози, минатата година доделил 1,1 милијарда евра на истиот тој фонд и тоа од буџетот кој го полнат граѓаните. Инаку Карла Бруни е хуманитарен амбасадор, а во 2010 ја покрена кампањата “Роди се без ХИВ”, која има за цел да собере средства за мајките и децата заболени од сида.Карла Бр…
Во случај на погрешна временска прогноза, метеоролозите во Јужноафриканската Република можат да бидат казнети со затвор и парична казна од еден милион евра, пренесоа светските медиуми.Законот, кој овозможува казнување на метеоролозите, е донесен „за јавноста да биде поштедена од неточни прогнози што предизвикуваат паника“.Лицата кои во медиумите известуваат за претстојните бури мораат претходно да побараат дозвола од Националната метеоролошка служба.{loadposition content9}