Барак Обама и Мит Ромни вчера во Њујорк по втор пат се соочија во агресивна и овој пат многу поизедначена дебата.Во дебатата во која прашањата ги поставуваа политички неопределени граѓани на Њујорк, најмногу контроверзи во предизвика прашањето за нападот на конзулатот во Либија, во кој беше убиен американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и уште тројца Американци. Ромни го обвини Обама дека по нападот заминал да собира изборни донации во Лас Вегас, но интересно беше што Обама рече дека крајната одговорност за тоа што се случи во Либија не е кај државниот секретар Хилари Клинтон, која прифа…
Внатрешната истрага во Foxcon покажала дека во некои фабрики на компанијата работеле 14 годишни деца. Компанијата Foxcon од неодамна е на лош глас поради катастрофалните услови за работа, штрајковите и малтретирањето вработени, а прозорците на нивните фабрики се заштитени со мрежа како би се спречиле самоубиства на работниците (што досега често се случувало).Некои медиуми порано пишувале дека во Foxcon често работат деца (во Кина е забрането вработување лица помлади од 16 год) а сега внатрешната истрага го потврдила тоа.„Преземаме целосна одговорност за овие случаи и им се извинуваме на с…
Ревизорската куќа Прајсвотерс Куперс, во чија надлежност е броењето на гласовите и печатењето на имињата на победниците, објави уште едно соопштение за јавноста, скоро 24 часа по срамната збрка во завршницата на 89 доделување на наградите на Академијата.
Компанијата ја превзеде целосната одговорност за грешката, објаснувајќи дека еден од двајцата партнери кои ги знаат резултатите и ги делеле пликата на презентерите, Брајан Калинан, по грешка му дал на Ворен Бити резервен плик за категоријата најдобра женска улога наместо за најдобар филм.
Неколку минути подоцна и Академијата издаде свое о…
Во Грција не стивнуваат шумските пожари на полуостровот Пелопонес, на Крит и во регионот на Коринт поради што се евакуирани повеќе села и е прогласена вонредна состојба.Шест од вкупно осум авиони „Канадер“ се оштетени и се повлечени од гаснењето, има настрадани пожарникари, кои се хоспитализирани, соопштуваат денеска медиумите во Атина.Огнот во областа Ахаја, северно од градот Патра, на полуостровот Пелопонес, беснее од вчера и досега уништил ниви и насади. Во некои региони на областа е прогласена вонредна состојба.Вчера биле евакуирани и жители од село во близина на градот Ханија, на остро…
Израел се подготвува да го нападне Иран поради терористичкиот чин врз израелските државјани во Бугарија, изјавил поранешниот амбасадор на САД во ООН Џон Болтон.“Треба да прифатиме дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги избира зборовите внимателно и го говори само она за кое неговата влада има цврсти докази, дека Иран е одговорен за тој напад. Кога Нетанјаху вели ’Иран е, а не Хизбула’, и ние тоа треба да го сфатиме“, вели Болтон во интервју за “Фокс њуз“, пренесуваат бугарските медиуми.Според Болтон, Израел ќе ги нападне нуклеарните објекти на Иран, а потоа базите на Револуционернат…
Нападот врз автобусот со израелски туристи во Бугарија во кој загинаа најмалку осум лица е дело на ,,напаѓач самоубиец“, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов.„Експлозијата ја предизвикал еден човек кој загинал во нападот и чијшто идентитет уште не е утврден“, рече Цветанов на аеродромот во Бургас.Тој кажа дека напаѓачот имал лажна возачка дозвола издадена во Мичиген во САД. Министерот рече дека во автобусот со израелски туристи загинале осум лица, шест Израелци, еден Бугарин и самиот напаѓач.Според извештаите, во автобусот имало околу 40 луѓе.Израелскиот пр…
Бургарското министерство за здравство бележи зголемување на бројот на заболени од ковид-19. Во изминативе 24 часа евидентирани се 3 449 заболени од ковид-19 што е за 2 214 повеќе од претходниот ден. Овие резултати се добиени од направени 36.449 тестови, што значи дека 9,4 е позитивниот процент.
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Бугарија во изминатите 24 часа е 162, од кои 150 се невакцинирани или со нецелосен циклус на вакцинација. Новозаболените кои се хоспитализирани 761 од кои 650 се невакцинирани.
Бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега е зголемен за 46, од кои …
Судот во Буенес Аирес осуди двајца диктатори и повеќемина високи по ранг офицери поради киднапирање на околу 500 бебиња за време на воената дикататура во 80-тите.
Во процесот за кражба на деца за време на воената диктатура во Аргентина вчера беа осудени двајца поранешни диктатори на долгогодишни казни затвор. Судот во Буенос Аирес го осуди 86 годишниот Видела на 50 години затвор и 84 годишниот Бињоне на затворска казна од 15 години. Уште четворица други високи по ранг офицери добија затворски казни меѓу четири и 40 години.Осудените се обвинети дека за време на воената диктатура меѓу 1976 и …