Порасна бројот на заболени од ковид-19 во Бугарија

Бургарското министерство за здравство бележи зголемување на бројот на заболени од ковид-19. Во изминативе 24 часа евидентирани се 3 449 заболени од ковид-19 што е за 2 214 повеќе од претходниот ден. Овие резултати се добиени од направени 36.449 тестови, што значи дека 9,4 е позитивниот процент.

 |   | 

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Бугарија во изминатите 24 часа е 162, од кои 150 се невакцинирани или со нецелосен циклус на вакцинација. Новозаболените кои се хоспитализирани 761 од кои 650 се невакцинирани.

Бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега е зголемен за 46, од кои 43 не се вакцинирани, со што вкупниот број се искачи на 30.819 од почетокот на пандемијата во март 2020 година. Во Бугарија вакцинираните со првата доза вакцина се 3.682.460, а со завршен циклус на вакцинација се 1.908.733, а со трета вакцина 265.194.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top