Најмалку 250 милиони деца, на возраст за во основно училиште, од вкупно 650 милиони низ светот не можат да читаат, пишуваат и не ги владеат основите на математиката, покажува извештајот нарачан од Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), пренесоа американските медиуми.Околу 130 милиони деца посетуваат основно училиште, но не ги покриваат минималните образовни стандарди. Речиси 120 милиони деца многу малку време или воопшто не минувале во училниците, а од нив дури 57 милиони не посетуваат училиште.Годишно владите низ светот губат по 129 милијарди долари поради необразов…
Кралицата Елизабета е пред банкрот. Британските власти истакнале дека трошоците на кралицата мора да се намалат бидејќи во спротивно таа ќе банкротира.Одборот за јавни трошоци на британскиот парламент соопшти дека финансиската состојба на Кралицата Елизабета е многу тешка, затоа што резервите паднале на историски минимум на само милион фунти од 35 милиони колку што изнесувале во 2001 година.За колапсот на “кралскиот буџет” парламентарците ги обвинуваат бројните кралски советници, на кои им препорачуваат конечно да започнат да ги слушаат советите од Министерството за финансии.Во расправата б…
Рускиот претседател Владимир Путин од Брисел ја критикуваше ЕУ поради тоа што во Украина испрати висока делегација за време на антивладините протести, толкувајќи го потегот како политичко мешање. По завршувањето на самитот ЕУ- Русија во Брисел, Путин отворено го критикуваше пристапот на ЕУ кон проблемот во Украина.„Можам да замислам каква би била реакцијата на нашите европски партнери доколку среде кризата во Грција или во некоја друга земја, нашиот министер за надворешни работи одлучи да присуствува на антиевропски собир и да ги повика и граѓаните да се придружат“, рече рускиот претседател…
Бакингемската палата во Лондон распишала оглас дека бара собар или собарка, кои би работеле за 17.400 евра годишно за осумчасовно работно време , пет дена неделно со вклучено сместување и бесплатна храна, пренесува агенцијата „Асошиејтид Франс прес“.Оттаму бараат личност која ќе биде задолжена за одржување на кралските купатила, за чистење, презентација и грижа за гостите во официјалната резиденција на британската кралица Елизабета Втора.Во должноста на овој персонал се вклучува и носење на работите на хемиско чистење, грижа за накитот, подготвување купки, помагање околу облекувањето, како …
Во двата сефа на Аркан кои вчера беа отворени во Комерцијална банка не е пронајдено ништо.Сефовите беа скршени, бидејќи клучевите за нивното отворање не биле пронајдени. Тајниот трезор на Ражнатовиќ на сила бил отворен во присуство на полицијата и обвинителството. Од членовите на семејството на некогашниот командант на Српската добороволна гарда никој не се појавил, вклучувајќи ја и сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, која не одговорила на повикот да дојде во банка.„Добив повик да присуствувам во отворање на сефовите, но не отидов бидејќи не сакам да учествувам во тој циркус. Претпоставував…
Украинската министерка за правосудство, Олена Лукаш, ги предупредила антивладините демонстранти кои го окупирале нејзиното министерство дека ќе побара воведување на вонредна состојба доколку не го напуштат објектот. Лукаш вонредна состојба ќе побара од Националниот совет за безбедност и одбрана доколку демонстрантите не излезат од зградите на министерствата во Киев, кои беа заземени во неделата вечерта и пред кои се поставени барикади со вреќи, пренесуваат странските медиуми.Радикалната група активисти „Вистинско дело” ги искршила прозорите на зградата на министерството за правосудство и го…
Десетици илјади Чеси синоќа протестираа со барање оставка од премиерот Андреј Бабиш поради наводен судир на интереси кој ја вклучува неговата поранешна деловна империја и истрага за десетгодишна субвенција од ЕУ.
Организаторите на протестот соопштија дека во него учествувале околу 120.000 граѓани кои се собрaа на централниот плоштад во Прага, што се смета за најголем протест од “кадифената револуција” во 1989 година, со која беше ставен крај на ерата на комунизмот.
Протестите против Бабиш се одржуваат од крајот на април и од тогаш станаа се помасовни, а почнаа откако чешката полиција ја з…
Повеќе илјади луѓе протестираа во Париз во неделата на повик на организацијата „Ден на гневот” против политиките на претседателот Франсоа Оланд. Според процените на париската полиција на протестот се собрале околу 17 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека имал 120 илјади. Организаторите, кои доаѓаат од десниот центар и крајната десница како и конзервативните католици, ја критикуваа „лошата акција на владата којашто води во пропаст”. Тие, исто така, го повикаа социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд ведна да се повлече од власта, пренесува AFP.Демонстрантите, од кои некои на проте…