Во последниот квартал на минатата година Apple продал повеќе од 50 милиони апарати, а некои аналитичари веруваат дека бројката би била многу поголема ако компанијата имаше во понудата модели со екрани поголеми од 4 инчи. Тим Кук е свесен дека, кога е во прашање дијагоналата на екранот, заостануваат зад конкуренцијата затоа што денес на пазарот владеат моделите со 4,7 и 5 инчи, додека сѐ популарни стануваат и фаблетите, хибриди помеѓу паметните телефони и таблетите со екрани од 5.5 инчи.
Apple оваа година ќе ја заостри конкуренцијата на пазарот со претставување на два нови модели на iphone. …
Поранешниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела оставил зад себе имот вреден нешто повеќе од четири милиони долари, стои во тестаментот што е отворен вчера, пренесува Би-Би-Си.Како што соопшти извршителот на тестаментот Дикганг Мосенеке, тестаментот е напишан на 40 страници.Мандела еден дел од имотот наменил за школување на децата од неговото родно место.Исто така, дел од имотот ќе добијат и членовите на неговото семејство и личниот персонал.
Тестаментот е прочитан во Јоханесбург, а би можел да биде нов повод за препирки меѓу членовите на неговото многубројно и несложно семејство око…
Организацијата на Обединетите нации соопшти дека луѓето во сите поголеми градови во регионот на Западен Балкан, вклучително и Скопје, се соочуваат со алармантно високо ниво на загадување на воздухот, кое го намалува очекуваниот животен век затоа што, како што велат, неразвиениот и политички кревок регион во голема мера се потпира на согорувањето на јагленот за производство на енергија.
„Асошиетед прес“ наведува дека извештајот на Програмата за заштита на животната средина на ОН, кој денес е објавен, се базира врз податоците од 18 града и е подготвен во координација со Светската здравствена…
На Светскиот ден за борба против ракот, светoт се соочува со “бран” на рак и ограничувања на алкохолот и шеќерот треба да се разгледаат, велат научниците од Светската здравствена организација. Таа предвидува бројот на случаи на рак дека ќе достигне 24 милиони годишно до 2035 година, но половина би можеле да бидат спречени. СЗО соопшти дека сега постои “реална потреба” да се фокусираат на превенција на ракот со справувањето со пушењето, дебелината и пиењето.Светскиот извештај на СЗО за рак во 2014 вели дека главните извори на рак да се спречи вклучуваат: – Пушење – Инфекции – Алкохол – Дебел…
Жозе Мурињо беше во свој препознатлив елемент по големата победа на Манчестер Сити.Освен тоа што упати честитки за своите играчи, Португалецот истакна дека најзаслужен за победата бил масерот на тимот.„Не се шегувам, пред мечот во соблекувалната на екипата и се обрати нашиот масер Били, инаку Шкотланѓанец. Се обиде да говори англиски, на моменти звучеше како закана. Ништо не го разбравме, барем јас, играчите изгледа го разбраа, затоа што победивме. Јас последен пат разговарав со фудбалерите неколку часа порано“, изјави Мурињо.
Типот за кој говори Мурињо е Били Мекулок, масер на Челси кој е …
Грешките не се ретка појава во интернетското новинарство, но брзината во работењето си го прави своето и во пишувањето можно е да се изроди некоја несакана грешка, што може и тоа како да има штетни последици. Во таква ситуација се најде ни помалку ни повеќе, угледниот британски гигант BBC, кога им го честиташе на Кинезите влегувањето во годината на Коњот.
„Добродојдовте во годината на курвите. Луѓето ширум светот слават„ пишуваше на BBC.
Имено, зборот коњ на англиски се пишува „horse„ а несреќниот техничар згрешил, испуштил едно и додал друга буква па напишал „whores„ што е множина од зборо…
Во заложничка драма во Москва се убиени полицаец и учител во средно училиште. Вооружен средношколец влегол на час по биологија и земал како заложници 29 ученици на возраст од 15 години.Московската полиција јави дека поголем дел од заложниите се ослободени, а евакуирани се сите други ученици од училиштето.Иако московската полиција јави дека поголем дел од заложниите се ослободен, заложничката драма се уште трае, а растроениот ученик засега не поставил никакви услови за да ги ослободи останатите заложници.{loadposition content9}
Француските конзервативци протестираа против либералната Влада. На вчерашниот марш низ Париз и Лион илјадини лица го искажаа своето незадоволство од нови закони со кои се намалуваат рестрикциите за абортуси и геј бракови.Насобраните го обвинуваат кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд за „фобија од семејства“.Полицијата во главниот град на Франција процени дека околу 80.000 лица учествувале на протестите. Организаторите, пак, тврдат дека бројот на присутни е значително поголем, посочуваат дека имало над 100.000 протестанти.„Семејството е основната вредност на општеството”, е мот…