Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека одлуката Новак Ѓоковиќ да добие медицинско ослободување да патува во Мелбурн, со што ќе стави крај на повеќемесечната неизвесност околу неговото учество на Австралија опен поради строгите барања за вакцинација против ковид-19 за турнирот е работа на владата на Викторија, каде што Мелбурн е главен град на државата.
За одлуката нашироко се дебатира во градот каде што повеќето луѓе издржаа месеци на строги заклучувања и сурови ограничувања за патување во екот на пандемијата. Некои жители на Мелбурн ја нарекоа одлуката „неправедна“, а реакцијата…
Полскиот премиер Матеуз Моравјецки им даде поддршка на војниците што ја чуваат белоруската граница од илегална миграција, по извештаите дека белоруските сили наводно пукале, веројатно празна муниција, врз полските војници, објави редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик.
Моравјецки изјавата ја даде на 8 октомври, а претходно истиот ден портпаролката на граничната стража Ана Михалска изјави дека белоруските сили на 7 октомври пукале преку источната граница на Европската унија, без да прецизира која била целта.
Михалска рече дека нема повредени и дека најверојатно е употребе…
Руските власти соопштија дека бројот на луѓе кои починале по пиење алкохол кој содржел етанол се искачил на 26 лица, додека истражителите привеле и други луѓе во јужниот регион Оренбург.
Новинската агенција Интерфакс денеска исто така цитираше претставници на локалната самоуправа кои велат дека 28 лица биле хоспитализирани.
Локалните вести велат дека најмалку шест лица се приведени од објавувањето на првите извештаи за заболување на луѓето од 7 октомври.
Меѓу приведените се еден маж кој бил уапсен за наводно дестилирање на алкохолот во неговата куќа и тројца други за дистрибуција н…
Полицијата во Данска заплени луксузен спортски автомобил „Ламборџини хуракан“, поради брзо возење, само неколку часа откако неговиот сопственик го купил возилото.
Маж, инаку ирачки државјанин кој живее во Норвешка, го купил „Ламборџинито“ во Германија за околу 270.000 евра. Бил фатен како вози 236 километри на час додека се враќал во Норвешка, на дел од автопатот каде што ограничувањето на брзината е 130 километри на час. Според данските закони, полицијата има право да го заплени возилото на несовесен возач и да го понуди на аукција, а парите одат во данскиот буџет.
Полицаецот кој го за…
Голем број луѓе, вклучувајќи и деца, останале заробени под урнатините на зграда во Грузија.
Се стравува и дека има мртви под урнатините на петкатницата во градот Батуми.
Спасувачките екипи се наоѓаат на местото на настанот и се обидуваат да стигнат до заробените луѓе.
Локалните медиуми јавуваат дека жителите, вклучително и децата, би можеле да бидат закопани под урнатините. Се уште не се објавени информации за причините за уривањето на зградата.
Според Русија Тудеј, едно дете било спасено од автомобил што бил под урнатините.
Владата на Црна Гора одлучи мерките во борбата против корона вирусот да бидат прилагодени на ситуацијата на терен. Затоа, од сабота, 9 октомври, Националниот сертификат за дигитален COVID ќе биде отповикан, рече директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ, на денешната прес -конференција на која беше анализирана актуелната епидемиолошка состојба во земјата.
Галиќ рече дека бројот на нови пациенти се намалил за 40 проценти за две недели и дека бројот на починати се намалил за 18 проценти, а самоизолацијата е скратена од 14 на десет дена.
Бројот на нови случаи на новиот корона…
НАСА првпат ќе ја тестира одбраната на Земјата од потенцијално опасни астероиди. Според „Вашингтон пост“, американската вселенска агенција планира да лансира ракета со специјална сонда – „ДАРТ“, којашто ќе се судри со астероид за да ја промени неговата насока. Почетокот на мисијата е закажан за 24 ноември.
Во 2016 година, НАСА ја формираше Канцеларијата за координација на мерки за заштита на Земјата. Со оваа програма, се пребаруваат астероиди и комети кои би можеле да бидат закана за Земјата на 48 милиони километри од неа, се собираат податоци за нивната големина, насока и хемиски состав…
Фајзер ќе ја проучува ефикасноста на својата вакцина против Ковид-19 со вакцинирање на целото население над 12 години во град во јужен Бразил, соопшти компанијата.
Истражувањето ќе се спроведе во Толедо, кој има 143.000 жители, во западниот дел на државата Парана, во соработка со Бразилската национална програма за вакцинација, соопштија локалните здравствени власти, болница и федерален универзитет.
Фајзер, кој ја разви вакцината со германскиот партнер БиоНтек, соопшти дека целта е да се проучи преносувањето на коронавирусот во „реално сценарио” откако ќе се вакцинира населението.
Ини…