Во очите на јавноста Чаи Џинг важела за адвокат на кинеските интереси. На натпреварот за говорништво во 2009 година ја истакнала важноста на силната кинеска нација, а благодарејќи на написите за САРС и за земјотресот во Сиучан, станала ценет истражувачки новинар. Меѓутоа, восхитувањето на нејзините гледачи паднало во вода оној момент кога во медиумите осамна фотографија на Чаи на американски аеродром со бебе в раце. Водителката одлучила ќерката Чаи Џиран да ја роди на американска територија, што покренало лавина од бес на Твитер и на кинеската социјална мрежа “Weibo”.
“Божицата на кинеските…
Нема место за дебата.Климатските промени се реални и ни се случуваат. А човештвото е делумно виновно за тоа.На светскиот ден на поларната мечка, една од животинските врсти најмногу погодена од климатските промени, помеѓу научните експерти постои 97 проценти консензус дека луѓето го предизвикуваат глобалното загревање.Сепак некои многу гласни Американци продолжуваат да дебатираат за тоа што е со сигурност факт. Прашањето е: зошто?Се разбира, довербата има голема улога.Според Гордон Гошат, вонреден професор по социологија од Универзитетот во Висконсин, само 42 проценти од возрасните во САД им…
Е-поштата која ја пишуваат лидерите и шефовите на компаниите се состојат од само неколку реченици или е-пошта која ја праќа, на пример Џеф Безос, од само еден знак.
Една од карактеристиките на успешните луѓе и лидери на големи компании често пишуваат изнимно кратки мејлови од само неколку реченици или само од еден знак. Најдобри такви примери чии мејлови се кратки и јасни, на Huffington Post ги издвоиле Стив Џобс и Џеф Безос. Е-поштата на основачот на Ејпл била јавна и знаел да одговори на прашања од корисници од цел свет, а неговите одговори се состоеле од една до неколку реченици.
Јавна м…
Повикувајќи се на очевидци, агенцијата Interfax јавила дека во зградите на парламентот и владата се наоѓаат околу 60 лица и дека многумина од нив се вооружени.Засега не е јасно кој ги завземал зградите на регионалниот парламент и влада во Симферопол, главниот град на Крим, каде претходниот ден имаше судири помеѓу проруските сепаратисти и следбеници на новите власти на Украина.
Новинарите од местото на случување известуваат дека над двете згради се вее руско знаме, и дека влезните врати се блокирани.
Агенцијата Interfax јавува дека при акцијата на завземање на зградите нема повредени лица.
М…
Една од најпознатите италијански модни марки „Krizia” ја купил кинески малопродажен ланец. Тоа е уште една од познатите модни куќи кои отидоа во рацете на странци. Претходно модната куќа „Valentino” ја купи катарска компанија, а марката „Gucci” ја превзеде француската фирма Керинг.
Марката „Krizia” ја купил, кинеската фирма Шенжен марисфролг фешн, еден од најголемите продажни ланци за облека во таа земја, пренесува агенцијата Tasr.
На кинескиот пазар се појавила во 1993 година. Повеќе детали ќе бидат познати негде кон крајот на пролетта.
Мауриција Мандели ја основала фирмата „Krizia” во Мил…
Макрон во февруари вети дека во Елисејската палата ќе им биде домаќин на Мекфлај и Карлито, двајца француски јутјубери, кои имаат по 6,5 милиони следбеници, доколку успеат да соберат повеќе од 10 милиони прегледи на видеото во кое се промовира социјалната дистанца за време на пандемијата на Ковид – 19, пренесува „Ројтерс“.
Мекфлај и Карлито го добија облогот и им беше дозволено да снимаат видео од 36 минути, кое само по неколку часа од објавувањето собра 2,7 милиони прегледи.
Макрон и јутјуберите разменија неколку зборови за време на емисијата, која завршува со прошетка во дворот на Елисе…
Околу 160.000 жители секој ден стојат во ред, колку што досега видикот, за храна и вода.
Обединетите нации во средата објавија застрашувачки фотографии од Јармук, еден кварт во Дамаск на која се гледа ужасот на неколку стотици илјади жители кои практично се останати во замка во тој дел на градот и не можат да заминат никаде.
Околу 160.000 луѓе стојат во ред и чекаат да им се подели храна и вода. Условите во кои живеат можат да се видат на фотографијата и за тоа не треба додатен опис, а ОН ги повика завојуваните страни да овозможат на овие очајни луѓе несметано да им се доставува храна и вод…
Сликата која ја објави НАСА покажува колку е навистина “мрачна” Северна Кореја гледана од вселената.
На сликата јасно се гледа дел кој е обвиен во мрак и потсеќа на чудно обликуван дел од морето, меѓутоа во прашање е Северна Кореја гледана од вселената од меѓународна вселенска станица.
Ова е мрачен потсетник на тоа колку е фигуративно и буквално оваа земја во мрак. Главниот град Пјонгјанг со 3.26 милиони жители изгледа потполно исто како Гунсан, град во Јужна Кореја со 280.000 жители.
Остатокот од државата е во потполн мрак и многу лесно може да се каже дека е продолжение на Жолтото море.