Неа ја мрази цела Кина

Популарната водителка прогласена за предавник

 |  инфодеск  | 

Во очите на јавноста Чаи Џинг важела за адвокат на кинеските интереси. На натпреварот за говорништво во 2009 година ја истакнала важноста на силната кинеска нација, а благодарејќи на написите за САРС и за земјотресот во Сиучан, станала ценет истражувачки новинар. Меѓутоа, восхитувањето на нејзините гледачи паднало во вода оној момент кога во медиумите осамна фотографија на Чаи на американски аеродром со бебе в раце. Водителката одлучила ќерката Чаи Џиран да ја роди на американска територија, што покренало лавина од бес на Твитер и на кинеската социјална мрежа “Weibo”.

“Божицата на кинеските либерали”, како што некои ја нарекувале, преку ноќ станала најомразената личност во Кина. Иако нема потврда дека нејзината ќерка добила американско државјанство, потезот на новинарката е протолкуван како лицемерен и антипатриотски.

Чаи Џинг не е единствена Кинескиња која се одлучила на пораѓање во Америка. Туристичките агенции од Пекинг нудат пакет аранжмани за трудници кои сакаат да отпатуваат на островот Саипан и да родат бебе со американско државјанство.

Саипан е дел од Северните острови Маријана, мала американска територија која од Кина е оддалечена 4 часа летање. За посета која трае 45 дена не е потребна виза.

За 27.000 долари, колку што чини аранжманот, идните мајки добиваат сместување во хотел со пет ѕвезди, а новородените деца здравствено осигурување и американски пасош

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top