Мар 5, 2014

Учителка им ги залепила устите на учениците

Учителка од едно основно училиште е суспендирана од работа поради тоа што им ги залепила устите на 10-годишните ученици во своето одделение, бидејќи биле прегласни. Присила Даво Ортега (27), учителка од Сомерсет им ги залепила устите со селотејп дури на дваесет ученици на часот по уметност. Родителите тврдат дека некои од децата дури не можеле и да дишат од лентата селотејп па ја тргале од устата но учителката повторно ја лепела. На некои од децата устите им прокрвариле кога лентите селотејп ги тргале од устата, а некои од нив изјавиле дека им било страв да се вратат на училиште. Учителката…

Мај 25, 2021

Турција подготвена за летната сезона

Турција е подготвена за престојната туристичка сезона при што над 9.800 бизниси добија Сертификат за безбеден туризам кој беше лансиран во јуни 2020 година и кој имаше за цел да потврди дека сите места со кои стапуваат во контакт туристите вклучувајќи ги аеродромите, сместувачките капацитети, рестораните, кафулињата, културните, уметничките и конгресните објекти, објектите за морски туризам и возилата како и тематските паркови се безбедни, соопшти турската амбасада во Скопје. Почнувајќи од 2021 година, Турција го направи овој сертификат задолжителен за сите сместувачки капацитети со капаци…

Мар 5, 2014

Тешки оштетувања на античкиот град Помпеја

Поројните дождови и поплавите во локалитетот на Помпеја,во јужна Италија, предизвикаа тешки оштетувања на повеќе објекти во овој некогашен антички град, што целосно беше уништен, по катастрофалната ерупција на вулканот Везув.Екипи од археолози кои ги испитуваат последиците од лошото време,утврдија дека се оштетени низа потпорни ѕидови во локалитетот,како и структурата на неколку антички храмови,меѓу кои и на храмот на римската божицата Венера. Италијанската влада по тој повод одлучи да додели интервентни два милиони евра, за првите и најитни санации и интервенции во локалитетот,а е побарана…

Мар 5, 2014

Франција ќе субвенционра одење на работа со велосипед

Француското министерство за сообраќај планира сака да го поттикне користењето велосипед, посебно за оние кои одат  на работа, а се планира и субвенционирање на истото.Министерот за сообраќај на Франција Фредерик Куливие денес треба да го најави започнувањето на експерименталната фаза со неколку претпријатија за поддршка на вработените кои доаѓаат на работа со велосипед.Девизата„метро, работа, кревет“ наскоро ќе биде заменета со „велосипед, работа кревет“, со оглед на тоа дека Куливие ќе го изнесе националниот план кој го фаворизира возењето велосипед, особено од дома до работа.Една компаниј…

Мар 5, 2014

Референдум за самостојност во септември

Лидерот на Шкотска, Алекс Салмонд, кој се залага за независност на таа британска област изјавил дека Шкотска нема да биде странска земја за Англија, и тврди дека британскиот министер за финансии Џорџ Озборн направил „голема грешка“ кога рекол дека Шкотска не би можела да ја задржи фунтата како валута по стекнувањето на независност. Премиерот Алекс Салмонд рекол дека Шкотска и остатокот на британските острови се неразделно поврзани. Шкотланѓаните ќе гласаат за независност на 18-ти септември, наведува АР. Салмонд вели дека изгласувањето независност ќе значи Шкотска да има свои пасоши, даноци …

Мар 4, 2014

Фотографии како од друга планета

Ова е втор пат зимава во североисточниот дел на САД да има голем студ при што замрзнаа и Нијагарините водопади, а 169.000 кубни метри вода кои во просек поминуваат низ нив секоја минута, се претворени во мраз. Протокот на вода на Нијагарините водопади во принцип е доволно силен да може да одолее на температурите како што се оваа зима, но во понеделникот рекордно ниската температура од -13 го застана водопадот – а фотографите ја искористија оваа прилика да направат фасцинантни фотографии каде водопадите се осветлени со рефлектори во разни бои. И во јануари се случи истата појава, водопадот д…

Мар 4, 2014

Долгови ја притискаат Пиварата Лашко

Водечката словенечка пивара Лашко Група, проценува дека нејзините минатогодишни приходи од продажба на производи и услуги изнесуваат 248 милиони евра. Истовремено добивката (EBIT) е околу 21 милион евра. Споредбено од 2012 година групацијата отстварила 271,4 милиони евра приход, а EBIT изнесувал 22,2 милиони евра, пренесува регионалниот портал Seebiz. Како што истакнуваат во компанијата, главниот проблем останува високиот долг кон банките. Словенечките банки се незадоволни од темпото на раздолжување на пиварата која им должи 398 милиони евра, а фирмата ќе остане несолвентна доколку биде неу…

Мар 4, 2014

Моќниот „Huracan” под рефлектори во Женева

Иако „Huracan” имаше интернет презентација уште на крајот од 2013 година, ова е првото појавување пред публика на некој светски саем на автомобили. На фабричките фотографии можеше да се види дека е во прашање автомобил со современ дизајн во однос на претходниот модел, но и дека не е нарушен препознатливиот стил на Ламборџини. Светло жолтиот примерок го краси штандот на овој производител во Женева. Предниот дел на „Huracan”, со новиот дизајн на фаровите, спуштениот нос и огромните издувни цевки, придонесуваат автомобилот да изгледа поагресивно во однос на претходникот. Линиите од браниците …
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top