Долгови ја притискаат Пиварата Лашко

Проблем е високиот долг

 |  инфодеск  | 

Водечката словенечка пивара Лашко Група, проценува дека нејзините минатогодишни приходи од продажба на производи и услуги изнесуваат 248 милиони евра. Истовремено добивката (EBIT) е околу 21 милион евра.

Споредбено од 2012 година групацијата отстварила 271,4 милиони евра приход, а EBIT изнесувал 22,2 милиони евра, пренесува регионалниот портал Seebiz.

Како што истакнуваат во компанијата, главниот проблем останува високиот долг кон банките. Словенечките банки се незадоволни од темпото на раздолжување на пиварата која им должи 398 милиони евра, а фирмата ќе остане несолвентна доколку биде неуспешна продажбата на Меркатор на Агрокор.

Ако оваа продажба успее, Пивара Лашко за своите 23,24% од акциите би добила околу 80 милиони евра, а со продажбата на Раденска, како и новинските куќи Дело и Вечер, би добила дополнителни 70 милиони евра, така што значително би можела да го намали долгот кон банките, кој во последните 5 години е намален за 56 милиони евра.

Како што наведува порталот, групацијата Пивара Лашко има само уште две недели за договор со банките, во спротивно ќе се актуелизира и продажбата од основната дејност – пивара Лашко и Унион.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top