Апликациите против комарци, за смартфони, воглавно се борат така што емитираат звук со висока фреквенција (најчесто од 10 до 22 kHz), која за поголем дел од возрасните луѓе е нечујна, а која (наводно) ги одбива комарците.
Дали овие апликации имаат делотворност, истражувал Tportal. За одговорот на ова прашање не постои конзезус. Едни се колнат во нивната делотворност, додека други (заедно со неколку научни истражувања) тврдат дека не само што ги одбиваат малите напасници, туку во некои случаеви и ги привлекуваат.
Бидејќи голем број од овие апликации се бесплатни, можете да ги испробате и да …
“Веќе 40 години како доброволно не работам ништо”, објаснил за фламанскиот весник Het laatse nieuws, 64 годишниот Белгијанец кој од разбирливи причини сакал да остане анонимен.
“Проживеав убав живот и никој досега не ме вознемирувал. Работев помалку од една година и тоа е се. Идната година одам во пензија”, наведува H.B. кој има иуниверзитетска диплома.
Имено, работен стаж од 200 дена е законскиот минимум за добивање помош, која сега изнесува околу 1000 евра.
“Бев активен службеник во јавниот сектор. И тука не се претргнав од работа. По цел ден седев и гледав се да биде по прописите. Времет…
Компанијата eBay, која дава онлајн услуги за аукциско купување и продавање, соопштила дека во нападот на хакери се украдени информации за клиенти, вклучувајќи ја и електронската пошта, датуми на раѓање и адреси.
eBay ги повикал корисниците да ја сменат својата лозинка по нападот на базата на податоци која исто така содржи лозинки, адреси и броеви на телефони. Исто така соопштиле дека не се пронајдени докази за неодобрен пристап во податоците на кредитни картички.
Портпаролката на eBay, Кери Рамирез, изјавила дека засега не се знае колку клиенти се погодени со тој напад.
“Веруваме дека може …
Светот доби нов крал помеѓу брендовите, а таа титула од планетарно популарното јаболко, односно Apple, ја превзеде нејзиниот најлут ривал – Google.
На врвот од топ 100 глобални брендови сега е Google со 158,8 милијарди долари, што претставува пораст од 40% во однос на 2013 година. Apple од друга страна со намалена вредност од 20%, односно 147,8 милијарди долари.
Третото место му припадна на IBM, а во топ 10 местата ги завзедоа Microsoft, McDonald’s, CocaCola, Visa, AT&T, Marlboro и Amazon.
Целокупната табела од топ 100 брендови вреди дури 2,9 билијарди долари. Тоа е зголемување за 12% в…
Снимките на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска се направени со сателитот Aqua на 19 мај.
На нив јасно се гледаат поплавените региони кои се истакнати со црна боја во однос на зелената која ја претставува вегетацијата и земјата која е со сива боја.
Боите се малку изменети за полесно да се воочи разликата во димензиите на реките, се наведува на интернет страницата на NASA Earth Observatory.
На подрачјето на Балканот во тек на три дена паднала количина на дожд еднаква на тримесечен просек, што доведе до разорни поплави и загуба на човечки животи.
{loadposition content9}
Доколку успеете да решите еден од овие шест проблеми за човештвото, без оглед на тоа дали сте научник или аматер, можете да освоите награда од 10 милиони фунти.
Оваа награда, longitude act, одбележува 300 години од своето постоење, кога во 1714 година Велика Британија ги предизвикала пронаоѓачите да решат еден од најголемите предизвици за тоа време – како да се одреди позицијата на брод во морето со помош на географската должина. Овој предизвик го решил часовничар од Јоркшир, Џон Харисон, кој дизајнирал хронометар, првиот морски часовник кој овозможувал прецизна навигација.
Во обид повторно…
Благодарност до Хрватска и нејзините граѓани за солидарноста и помошта во соочувањето во незапамтените поплави во Србија, се наведува во соопштението на српската амбасада во Загреб.
„Во името на владата на Република Србија и на сите нејзини граѓани многу сме благодарни на владата на Република Хрватска на брзата реакција и искажаната спремност да помогнат. Овој гест има додатна важност имајќи во предвид дека и самата Хрватска се соочува со поплави на својата територија. Уверени сме дека чинот на искажаната солидарност, граѓаните на Србија ќе знаат да го ценат“, се вели во соопштението објаве…
Експертите од британската национална лабораторија за физика тврдат дека оваа технологија би можела да се најде во комерцијална употреба за три до пет години.
Систем кој наместо сателити за одредување на позицијта и насоката на движење ќе го користи магнетното поле на нашата планета и спрема нивните кажувања би бил попрецизен од актуелните уреди за навигација.
Експертите велат дека системот за глобално позиционирање (GPS) кој моментално се користи за навигација, е ранлив и подложен на надворешни влијанија, како што е на пример радијацијата која предизвикува промени на сончевата активност….