Јул 3, 2014

Еве во што е откриена хемикалијата која предизвикува настанок на тумор

Во многу намирници кои секојдневно ги конзумираме е пронајдена хемикалија која го зголемува ризикот од заболување од рак. Станува збор за хемикалијата кја се вика акриламид, а пронајдена е во кафето, чипсот, пржени компири, крекери, па дури и во некои видови на детска храна. Овој опасен спој се создава со термичкото загревање при пржење на наведените намирници. На неа најмногу се изложени децата поради ниската телесна тежина. Опасноста од акриламид сега го потврдила и агенцијата на Европската унија EFSA (Europian Food Safety Authority) која веќе предлага нови закони со кои ќе се спроведе на…

Јул 3, 2014

Летување во Грција без струја?

Грчките власти предупредуваат дека би можело да дојде до исклучувања на струјата за време на летната сезона, откако синдикалците најавиле серија на штрајкови. Синдикатите на јавната корпорација за енергетика (РРС) соопштиле дека ќе прават делимични 48 часовни штрајкови по повод плановите на владата да продаде делови на доминантниот производител на електрична енергија во земјата. Грчката влада, предводена од конзервативците, не отстапува од продажбата, кои од нив го бараат меѓународните кредитори. Премиерот Андонис Самарас истакнува дека нема да попушти пред фанатичните популисти, кои сакаат…

Јул 3, 2014

NASA лансира “ловец” на СО2

Американската вселенска агенција, NASA, го лансирала својот прв сателит кој има задача да ја мери концентрацијата на јаглерод диоксид (СО2) во атмосферата, гас кој се смета за главен виновник за создавањето на ефектот на стаклена градина и доведува до глобално затоплување. Орбиталната опсерваторија, чие полно име е Orbiting Carbon Observatory-2 (OCO2), полетала во 02.56 часот по пацифичко време од воздухопловната база Вандерберг во Калифорнија со ракетата Delta2. По 56 минути лет, сателитот се одвоил од ракетата и го продолжил летот самостојно. Како што пренесуваат агенциите, сателитот е де…

Јул 2, 2014

Пристигнува мини верзијата на Galaxy S5

Најочигледната разлика помеѓу мини верзијата и неговиот постар брат е во 4,5 инчниот екран. Имено, стандардниот Ѕ5 има екран од 5,1 инч. Технолошкиот гигант Samsung ја најави помалата верзија на смарт телефонот Galaxy S5. Компактниот модел на Samsung најпрвин ќе се појави во Русија овој месец, а потоа и на останатите светски пазари. Процесорот е послаб – 1,4 GHz наспроти 2,5 GHz, додека камерата доаѓа со 8 мегапиксели, половина помалку од поголемиот модел. Меѓутоа, многу од останатите карактеристики од Galaxy S5  ќе се појават и кај мини верзијата, вклучувајќи го и сензорот за отчукувањата …

Јул 1, 2014

Како ќе изгледа светот во 2025 година

Фирмата за проценки на ризик, Thomson Reuters  објавила десет предвидувања до 2025 година. Извештајот предвидува развој на науката и технологијата во наредните десет години врз основа на анализа на светски научни патенти и научна литература. Еве за што станува збор: -Сонцето ќе биде главен извор на енергија на нашата планета благодарение на апсорпција, складирање и конверзија на енергијата. -Големи парични средства ќе бидат вложени во проучување на деменцијата, па бројот на заболени ќе биде помал. -Со модификација на човековиот геном ќе се спречува почеток на болестите како дијабетисот. -Бл…

Јул 1, 2014

Пет психолошки трикови на рестораните за брза храна

Дали понекогаш одеднаш чувствувате потреба за хамбургер или овошен шејк? Можеби тоа не е случајност. Иако сублималните пораки воглавно спаѓаат во доменот на фикција, рестораните за брза храна имаат свои суптилни трикови со кои привлекуваат муштерии и ги поттикнуваат на поголем трошок. Еве неколку од листата кој ја припремил Business Insider. Користење на топли бои Претпоставката дека топлите бои поттикнуваат апетит можеби е точна. Ако ги набљудувате ланците за брза храна ќе забележите дека нивното уредување, но и амбалажата на производите воглавно се во црвена, портокалова и жолта боја. Дов…

Јун 30, 2014

Еве зошто вработените во Apple никогаш не сакале да ручаат со Steve Jobs

David Black рбаотел во Apple скоро 12 години пред да ја напушти компанијата и да отвори свој бизнис. Во разговор со Business Insider открил неколку занимливости за покојниот челник на Apple, Steve Jobs, и неговиот однос со вработените. Како што тврди Black, во Apple никој за време на ручекот не сакал да седи на иста маса со Jobs од едноставна причина што тој често имал обичај да ги прашува вработените – на што точно работат. Ресторанот по правило се празнел за 15-20 минути кога шефот ќе се појавел таму, бидејќи за разговор со него секогаш требало да си добро припремен. Имено, една од првите…

Јун 30, 2014

Истрагата по исчезнатиот MH370 со нови моменти

Извештајот на австралиските истражители на воздухопловни несреќи покажува дека исчезнатиот Боинг претрпел прекин на напојувањето 90 минути по полетувањето. Виталната опрема во исчезнатиот авион можеби е подесувана за време на летот за да се избегнат радарите, се тврди во извештајот. Експертите кои го проучувале извештајот на истражителите од Австралија, велат дека прекинот на електрична енергија во авионот би можело да биде обид за саботажа на трагичниот лет, пренесува Mirror. Уредот за праќање на сателитски податоци се обидел да се спои со сателитот само по 90 минути по полетувањето, а тоа…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top