Јул 16, 2014

Потег на столетието на Airbus

Европскиот производител на авиони Airbus добил 3000 нарачки за авионот А330neo, новата верзија на својот прославен патнички авион А330, кој беше претставен само пред два дена. Airbus наведува дека добил 3.000 нарачки за производство на 3.083 авиони од 57 компании и светски фирми. Тие наведуваат дека почнало производството на новата верзија на А330 за да биде попривлечен од конкурентскиот Boing. Новиот авион А330neo ќе има мотори од британскиот Rolls-Royce и ќе биде изработуван во две верзии – А330-800neo и А330neo. Првите испораки на новиот широкотрупен двомоторен авион од среден домет се о…

Јул 16, 2014

Итна експедиција поради дупка во Земјата

На полуостровот Jamal се појавила 79 метри широка дупка, а руските научници организирале итна експедиција која треба да пристигне во Сибир и да ја истражи мистериозната дупка која одеднаш се појавила во тој дел на земјата. Како што пишува Daily Mail, на полуостровот Jamal се отворила 79 метри широка дупка, а причините за тоа сеуште не се знаат. Веќе се појавиле теории на заговор спрема кои тврдат дека причината е НЛО. Сепак, повеќе веројатно е дека причина за отворање на дупката е глобалното затоплување поради кое гасот пробил на површината и предизвикал експлозија. Некои научници сметаат д…

Јул 16, 2014

И во политиката има изненадувања

Многу политичари од регионот можат да му позавидат на Словенецот,  51 годишниот Миро Церар, кој на последните парламентарни избори ја измети конкуренцијата, а партијата ја основал само пред шест недели. Универзитетскиот професор и правник, е апсолутен победник на парламентарните избори и ќе го има последниот збор во составувањето на словенечката влада. Церар е апсолутна ѕвезда на словенечката политика. Во рекорден рок ги освои бирачите – последен пат тоа му појде од рака на ветеранот Дрновшек пред 14 години. “И јас сум изненаден, се чини дека сонувам. Но, свесен сум дека се случи нешто важн…

Јул 15, 2014

“Војна“ помеѓу Samsung и Apple

Apple долго време припрема нови модели на смарт телефони и можеби оваа компанија за два месеца би требало да го претстави iPhone6, а можеби и својот прв фаблет. Со оглед дека iPhone ќе донесе, толку очекуван, голем екран чија дијагонала би била 4,7 инчи, бројни аналитичари очекуваат огромна побарувачка и оборување на рекордот по продажба, а овој модел би можел да привлече и многу корисници на Android кои најголемата мана во iPhone ја гледаа во малиот екран.Во Samsung се свесни дека овој модел на iPhone ќе привлече милиони нови корисници и како што пренесува Tech Radar, јужнокорејската компа…

Јул 15, 2014

Бонбоњерата на Forrest Gump во швајцарски раце

По фармацевстката, тутунската и металската, трендот на историски спојувања и превземања продолжува и на кондиторската индустрија. За најновата вест за спојување и превземање е заслужен швајцарскиот производител на чоколади Lindt&Sprungli, кој во понеделникот објавил дека ја превзема американската компанија Russel Stover Candies. Со таа трансакција Lindt станува трет најголем производител на чоколадо на американскиот пазар, а воедно тоа е најголема аквизиција во историјата на компанијата. Компанијата не објавила колку ќе чини оваа трансакција но објави дека превземањето ќе го финансира с…

Јул 14, 2014

Се ближи крајот на резервите на нафта?

Спрема резултатите на истражувањето кое неодамна го објави BP, спрема моменталниот степен на извлекување на нафта, за 53,3 години овој вреден и моментално незаменлив ресурс ќе биде потрошен. Подоцна или порано ќе се извлече и последната капка нафта од земјата, а ако се верува на истражувањето од BP, тоа ќе се случи за околу 50 години, пренесува USA Today. Тие предвидуваат дека моментално има резерви на нафта во количина од 1.687,9 милијарди барели, што е подобрување на прогнозата во однос на 2013 година. За овие пооптимистички прогнози може да се заблагодари на САД за кои BP вели дека имаат…

Јул 14, 2014

Сакате работа во Google?

Во Google повеќе не прашуваат бесмислени прашања туку сега бараат конкретни работи кои помагаат во оценување на кандидатот. Google отсекогаш бил познат по неверојатно тешки и комплицирани прашања кои се поставувале на кандидатите за време на интервјуто за работа и многу од кандидатите не знаеле да одговорат на такви прашања. Така Google поради бизарните прашања како “колку топчиња за голф може да собере еден автобус” или “колку бензиски пумпи има на Менхетн”, стекнал репутација на компанија која има изнимно големи стандарди при вработување, но неодамна престанале со поставување на вакви пра…

Јул 14, 2014

Секој квартал со огромна сума заработени пари

На IT џинот Microsoft секој квартал му  носи голема количина на заработени пари – по некои проценки и до неколку милијарди долари, но на Wall Street не му е доволно – еве и зошто е тоа така. Американските инвеститори сакаат да следат и да оценуваат успешни компании спрема тоа колку пари заработуваат по вработен. За фискалната 2013 година секој вработен во Microsoft заработил 220.800 долари нето приход, односно 786.500 долари вкупен приход, пишува Neowin. Сумата е огромна, особено ако се има предвид дека Microsoft вработува околу 100.000 работници. Но, сепак тоа не е впечатливо ако се според…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top