Мај 17, 2014

На повидок крај на големата технолошка војна

Со заедничко соопштение постигнале спогодба за сите меѓусебни тужби поврзани за патенти и смартфон техологија, така што Apple и Motorola Mobility, која е во сопственост на Google, завршија една од најголемите технолошки војни. Apple и производителот на мобилни телефони кој користи Android софтвер досега поднеле на десетици тужби за повреда на патенти, за да ги заштитат своите технологии. Интересно е тоа што спогодбите не се однесуваат на тужбите на Apple против Samsung, но експертот за патенти Florian Muler вели дека и тие спорови наскоро би можеле да завршат. Причина за тоа, објаснува Mule…

Мај 17, 2014

Ирска се враќа на пазарите

Американската бонитетна агенција Moody’s ја подигнала оценката на кредитниот рејтинг на Ирска за два степени, на “Baa1”. Агенцијата ја поздравила перспективата на земјата по излезот од програмата за меѓународна помош во декември минатата година. Во склад со оваа одлука, Moody’s во соопштението го истакнува забрзаниот раст на ирското стопанство во текот на последните месеци, пренесува АР. Во декември Ирска беше прва земја во еврозоната која излезе од програмата за меѓународна помош на која во 2010 година и ја доделија ЕУ и ММФ, кога банкарската криза и кризата со недвижнини ја доведоа до гра…

Јун 9, 2021

Трагедија во Хрватска: Детенце почина од топлотен удар во автомобил

Станува збор за петгодишно дете од Книн. Според хрватските медиуми, таткото, мајката и момчето утрово тргнале со автомобилот. Таткото, ја однел мајката на работа, а потоа, пред да замине на работа, морал да го однесе синот во градинка. Момчето сепак не стигнало во градинката. Се претпоставува дека таткото отишол на работа без да сфати дека момчето останало во автомобилот. Температурата во Книн во моментот на несреќата била над 28 целзиусови степени под сенка. Засега не е познато дали момчето се разбудило и дали се обидувало да повика помош. Во негова близина се изведувале градежни работ…

Мај 17, 2014

Десет места кои не смеат да се видат на мапите на Google

Иако мапите на Google се смислени за да ги приближат убавините на светот на луѓето, сепак постојат некои места кои не можете да ги видите. Кралската палата во Амстердам, Холандија. Таа е само една од многуте градби во сопственост на холандската кралска фамилија која е замаглена на Google. Меѓународниот аеродром Buffalo Niagara. Овој аеродром е видлив ако не е зумиран, а тогаш ќе забележите дека е избелен и не можат да се видат детали. Нациналниот парк Tantauco, Чиле. Овој национален парк може да се види само како црвен знак на снимката. Тој приватен природен резерват е дом на некои од најза…

Мај 16, 2014

Плаќање со фотографија

Некои кувари се спремни да ги исфрлат муштериите ако ја фотографираат храната која ја спремиле, но во Британија постои ланец ресторани “Picture House” кои наградуваат со бесплатен оброк доколку, фотографија од храната од нивниот ресторан, се појави на Инстаграм или Твитер. Сето ова е дел од маркетиншката кампања под името “Birds Eye”. Потребно е да се постави “хаштаг” #PictureHouseLeeds и да се објави на некои од наведените профили. Со тоа се обезбедува бесплатен оброк. Во рестораните постојат и професионални фотографи задолжени за објави на Инстаграм, кои даваат совети како да се фотографи…

Мај 16, 2014

Alibaba е сериозна закана за западот

Кинеската компанија за интернет трговија, Alibaba, има потполно поинаков модел за работа од западните конкуренти. Излезот на њујоршката берза е само почеток: кинеските дигитални концерни ја освојуваат Азија, а наскоро би можеле да ги стават во сенка Amazon, Facebook и други интернет гиганти, стравуваат на запад. Кога Кина ќе влезе во некоја работа, тогаш тоа е многу големо. Тоа го покажува и интересирањето за најавата за излез на Alibaba на берзите во САД. Се проценува дека нивниот излез на пазарот ќе биде најголемата работа во историјата на берзанското тргување во светот, и дека вредноста …

Мај 15, 2014

Забранети енергетските пијалоци

Во четвртокот донесена е одлука за забрана за продажба на енергетски пијалоци за помлади од 18 години, со што Литванија направи преседан внатре во Европската унија, а одлуката ја образложила како здравствена причина. Мерката на сила ќе стапи во ноември, а за неа гласале 88 од 96 присутни пратеници на Литванскиот парламент, додека 8 се воздржале од гласање. Литванското министерство за здравство објавило дека забраната претставува преседан во ЕУ и се надева дека нивниот пример ќе го следат и останатите членки на унијата. Претставникот од министерството за здравство, Алмантас Кранаускас, појас…

Мај 15, 2014

Зошто жените изневеруваат?

Повеќе од 6000 испитанички учествувале во истражувањето на една интернет страница. 73% од испитаничките,кои планираат или веќе го сториле тоа, рекле дека главната причина за таквата одлука е тоа дека партнерот ги нервира. Воглавно станува збор за карактерни недостатоци и лоши навики. Она што им недостасува кај партнерот, а што се обидуваат да го најдат во друг е смисолот за хумор (19%), а следуваат недоволно разбирање (16%) и недостатоци в кревет (16%). Недостаток на убави манири ги натерал на прељуба дури 11% од испитаничките. Еве ја листата на причини поради која жените се одлучуваат на и…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top