Апр 27, 2009

Костас Kараманлис во посета на Албанија

Грчкиот премиер Костас Караманлис денеска ќе пристигне во посета на Тирана на средби со официјални албански претставници.Според најавите, Карманлис ќе се сретне со премиерот на Албанија Сали Бериша, а на агендата се и средби со албанскиот претседател Бамир Топи, како и со претседателката на Собранието Јозефина Топали.Предвидено е грчкиот премиер, во текот на еднодневниот престој, да има состанок и со опозициониот лидер и претседател на Социјалистите Еди Рама, и со претседателот на Православната црква Анастас.Тој ќе има и свое обраќање во албанскиот Парламент.Протести на организацијата “Чаме…

Апр 25, 2009

Хилари Клинтон во ненајавена посета на Ирак

Американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска пристигна во ненајавена посета на Багдад. Тоа е нејзина прва посета на Ирак откако стапи на должност.Посетата на Клинтон уследи по самоубиствените бомбашки напади во Багдад и во другите ирачки градови во кои загинаа најмалку 155 луѓе.- И покрај најновите напади нема индиции дека верското насилство од пред три години би можело да биде обновено. Самоубиствените напади, всушност се трагичен сигнал дека Ирак се наоѓа на прав пат, истакна Клинтон.Таа наведе дека ирачката Влада има остварено значителен напредок. Предвидено е Клинтон да се ср…

Апр 25, 2009

Санкции за три компании од Северна Кореја

Обединетите нации како одговор на истрелувањето на севернокорејската ракета со голем дострел синоќа наложија санкции за три големи компании од Северна Кореја, кои учествуваат во производството на балистички ракети.Сите странски сметки на севернокорејските компании ќе бидат замрзнати. Но, официјален Пјонгјанг изјави дека не ги признава санкциите за подовна да објави дека повторно почна со преработка на користено нуклеарно гориво – процес од кој може да се добие плутониум.„Обновата на процесот севернокорејските власти го образложија како „самоодбрана од воените закани од страна на непријателс…

Апр 24, 2009

Оли Рен за укинување на визите за балканот

Надеж дека до крајот на чешкото претседавање со ЕУ, во јуни, ќе биде предложено укинување на визите за Балканот, изрази синоќа еврокомесарот за проширување Оли Рен.Тој во расправата во Европскиот парламент (ЕП) „Консолидирање на стабилноста и просперитетот на западен Балкан“ наведе дека тоа отвора можност до крајот на годинава Советот на ЕУ да донесе одлука за укинување на визите за земјите кои ги исполнуваат условите.Во врска со проширување на ЕУ, Рен повика на консолидирање на Унијата, истакнувајќи дека клучот за таквиот обновен консензус не е поставувањето нови услови, туку почитување на…

Мај 23, 2016

Почина актерот Бата Живојиновиќ

Синоќа во 22.45 во болницата Свети Сава во Белград, почина актерската легенда Велимир Бата Живојиновиќ каде беше хоспитализиран пред еден месец откако му беше влошена здравствената состојба.Живојиновиќ во текот на 60-годишната кариера има одиграно најмногу улоги во целиот регион, а во светот е познат по улогата во филмот „Валтер го брани Сараево“ на Хајрудин Крвавац, што беше мегапопуларен во Кина, каде дури имаше и пиво со неговиот лик на етикетата.На филм дебитираше во 1955 со улогата во „Песна од Кумбара“ на Радош Новаковиќ, а првата поголема улога ја има во „Воз без возен ред“ на Вељко …

Апр 24, 2009

Рецеисјата останува

Директорот на ММФ Доминик Строс –Кан оцени дека светската економска и финансиска криза е „далеку од својот крај” и оти заздравување ќе почне од САД.„И покрај сигналите кои се црвени и другите кои станаа зелени, кризата е далеку од тоа да биде готова”, изјави синоќа Строс –Кан на конференција за новинари во Вашингтон, пред денешниот почеток на пролетното заседание на ММФ.„Ние и натаму веруваме дека може да има заздравување во првата половина на 2010 година. Почетокот на опоравувањето на светската економија треба да тргне од САД и тоа ќе се случи”, изјави првиот човек на Меѓународниот монетар…

Апр 23, 2009

Зелено светло за кандидатурата на Црна Гора

Советот на министри на Европската унија (ЕУ) денеска без расправа треба да ја одобри постапката за давање статус на кандидат за членство на Црна Гора.Според најавите, се очекува на почетокот од идната недела, шефовите на дипломатии на ЕУ да и наложат на Европската комисија (ЕК) да изработи “мислење” за тоа дали молбата на Подгорица за добивање статус кандидат за членство во ЕУ е втемелена на “неопходен напредок во реформите и резултатите за спроведување на Спогодбата за стабилизација и асоцијација ЕУ/Црна Гора”.Министрите за земјоделство на ЕУ, в четврток попладне, во својство на Совет на м…

Апр 23, 2009

Се бара Мануел Росалес

Судот во Венецуела издаде налог за апсење на опозициониот лидер Мануел Росалес, кој се засолни во Перу откако беше обвинет за корупција.Обвинителството побара од Интерпол да го уапси Росалес, бидејќи не се појавил во судницата пред два дена, пренесе Би-Би-Си.Росалес во изјавата за венецуелската опозициона телевизија го опиша претседателот Хуго Чавез како „кукавица“ и „мал диктатор“.Претходно Росалес се повлече од функцијата градоначелник на вториот по големина град Маракаибо, по обвинувањата дека на недозволен начин се стекнал со огромно богатство. {loadposition content9}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top