Костас Kараманлис во посета на Албанија

Грчкиот премиер Костас Караманлис денеска ќе пристигне во посета на Тирана на средби со официјални албански претставници.

 |  Крсте Голабовски  | 
Berisha i Karamanlis
Бериша и Караманлис

Грчкиот премиер Костас Караманлис денеска ќе пристигне во посета на Тирана на средби со официјални албански претставници.

Според најавите, Карманлис ќе се сретне со премиерот на Албанија Сали Бериша, а на агендата се и средби со албанскиот претседател Бамир Топи, како и со претседателката на Собранието Јозефина Топали.

Kostas KaramanlisПредвидено е грчкиот премиер, во текот на еднодневниот престој, да има состанок и со опозициониот лидер и претседател на Социјалистите Еди Рама, и со претседателот на Православната црква Анастас.

Тој ќе има и свое обраќање во албанскиот Парламент.

Протести на организацијата “Чамериа“ се одржаа вчера во Тирана каде е побарано враќање на имотите на Чамите во Грција.

Претседателот на оваа Организација Ариан Тана упати барање до грчката Амбасада во Тирана за средба со премиерот на Грција.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top