Фев 18, 2022
Нова социјална платформа

Започна тестирањето на социјалната мрежа на Трамп

Откако Доналд Трамп беше исфрлен од Фејсбук, Твитер и Јутјуб, поранешниот американски претседател реши да создаде своја социјална мрежа каде нема да има цензура и забрани. Минатата година објави платформа наречена Truth Social, а нејзиното тестирање започна оваа недела. Според достапните информации, оваа платформа моментално е отворена за околу 500 корисници и нејзиното официјално лансирање можеме да го очекуваме следниот месец. Една од првите објави (или „вистина“) на оваа мрежа ја направи, се разбира, Доналд Трамп, кој напиша Подгответе се! Вашиот омилен претседател ќе се видиме наскоро…

инстаграм лого
Јан 20, 2022
Претплата на инфлуенсери

Инстаграм почна со тестирање за претплата на профили

Инстаграм почнува да тестира нова опција која на најпопуларните корисници, односно креаторите на оваа мрежа треба да им обезбеди дополнителна заработка. Мал број инфлуенсери сега ќе почнат да воведуваат претплата за пристап до дополнителна содржина што ја објавуваат на таа мрежа. Нивните следбеници кои сакаат да имаат пристап до оваа содржина ќе треба да платат помеѓу 0,99 и 9,99 долари (во зависност од тоа која сума ќе ја изберат сопствениците на профилот), а на почетокот целата сума ќе оди во џебот на инфлуенсерот, иако не е тешко да се претпостави дека „Мета“ со текот на времето ќе почн…

Онтарио
Јан 15, 2022
Пукање во Онтарио

Шест лица застрелани за време на концерт во Америка

Шест лица се префрлени во болница откако биле застрелани на концерт во Орегон, во петокот вечерта, соопшти полицијата. Шефот на полицијата Крис Скинер рано утрото им изјави на новинарите дека една жртва е во критична состојба, во како што ја нарече, една од најтешките престрелки што се случија во градот Јуџин. Лицето е однесено на операција, рече тој. Скинер не кажал во каква состојба се другите застрелани лица. Пукањето се случило на паркингот пред концертната сала, каде настапувале Лил Бин, Заи Бенг и други бендови и изведувачи, соопшти полицијата.

погребна кола
Ное 2, 2021
Ковид бран

Нов рекорд на смртни случаи од Ковид-19 во Бугарија

Според здравствените власти во Бугарија, 93,87 отсто од 310 починати од Ковид-19 биле невакцинирани. Во изминатите 24 часа има пријавено и 6.007 новозаразени. Како што јави дописникот на МИА од Софија, 1341 се новопримени во болниците во Бугарија, а 90,16% од нив не се вакцинирани. Дозите на вакцините против Ковид-19 кои досега се аплицирани во Бугарија се вкупно 2.874.721, од кои 14.545 се за последните 24 часа. Бројот на починати од почетокот на пандемијата коронавирусот е 24.309. Ситуацијата е критична, се соочуваме со огромна закана и тоа бара заедничка акција. Повикуваме на интеракциј…

теквондистка
Ное 1, 2021
Теквондистка против киднапери

Киднапери нападнале млада таеквондистка од БиХ, таа нокаутирала еден од напаѓачите

Младата таеквондистка од БиХ, Надина Мехмедовиќ, вчера вечерта беше цел на киднапери, но успеала да им избега така што нокаутирала еден од нив. Нападот на 17-годишната таекводистка која успеала да им избега на киднаперите откако нокаутирала еден од нив, го потврди нејзиниот татко, Елвин Мехмедовиќ. Сакаме да ја известиме јавноста дека во неделата во вечерните часови во Шијам се случи неверојатна ситуација, непознати лица се обиделе да ја киднапираат Надина Мехмедовиќ, која е репрезентативка во таеквондо. Тие се обиделе на сила да ја внесат во автомобил и притоа и нанеле лесни повреди. Со Б…

преговори
Мар 7, 2022
Мировни преговори

Руската делегација пристигна во Брест на разговори со Украинците

Руската делегација е веќе пристигната во Брест, Белорусија каде денеска треба да се одржи третата преговарачка рунда меѓу делегациите на Русија и Украина. Според руските извори, градот Брест во Белорусија ќе биде домаќин на третата рунда разговори. Во секој момент се oчекува пристигнувањето и на украинската делегација.

инцидент напад Токио
Окт 31, 2021
Напад во метро

Момче со нож избоде десетмина во воз во Токио

Момче со нож во воз во Токио, денеска избоде повеќе патници, а потоа запалил оган, јави АП, повикувајќи се на полициски извори. Тој повредил најмалку 10 луѓе, од кои еден потешко, објави Јавната телевизија Ен-ха-ка. Момчето за кое полицијата вели дека има околу 20 години, уапсено е на местото на ицидентот. Мотивот за нападот сеуште не е познат. Снимки на кои се прикажуваат пожарникари, полиција и итна помош ги преплавија социјалните мрежи, а сите се обидуваат да им помогнат на повредените патници, додека многумина бегаа скокајќи од прозорците од возот. Инаку, ова е втор напад во воз за…

Окт 30, 2021

13-годишно момче од Србија почина од Ковид-19

Во Србија, соочена со предупредувачки висок тренд на смртни случаи и нови инфекции во петтиот бран, се зголемуваат барањата да се воведе 24 часовна важност на Ковид – пропусниците, а не како сега по 22 часот. Бројот на нови заразени од почетокот на септември постојано е над 5.000 на дневна основа, а најмногу заразени од почетокот на пандемијата се регистрирани на 28 септември – 8467. Оваа вест изминативе денови беше проследена со извештаи од детските болници за четири бебиња на респиратори. 13-годишно момче за кое било потврдено дека има Ковид-19 пред еден месец, починало од белодробна емб…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top