Партиите на десниот центар убедливо победија на изборите за Европскиот парламент(ЕП) пред социјалистите и либералите, покажуваат првичните резултати по соопштени синоќа во Брисел.Европската народна партија(ЕНП), група што ги обединува демохристијаните и народните партии, би требала според новите проценки објавени нешто пред полноќ да има меѓу 267 и 271 од вкупно 736 пратеници во ЕП. Во претходниот состав ЕНП имаше 288 од 785 пратеници.Овој резултат е дотолку добар бидејќи е остварен без британските конзервативци, кои ја напуштија оваа група, а во која во претходниот состав имаа 27 пратеници…
Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска ќе престојува во официјална посета на Париз, на покана на францускиот претседател Никола Саркози.Поканата на Саркози, е во рамките на средбите на францускиот претседател со премиерите на регионот на Југоисточна Европа.„Главна тема на средбите на премиерот Тачи со највисоките официјални претставници во Париз ќе биде продлабочувањето на односите меѓу Косово и Франција, а во тие рамки и потврда на продолжувањето на поддршката на француската држава за сестраниот развој на новата држава Косово“, соопшти кабинетот на косовскиот премиер.Тачи, кој за време на п…
Словенечкиот претседател Данило Тирк изрази очекување дека ќе биде решен граничниот спор со Хрватска. Според Тирк, посредничката иницијатива на Европската комисија и напорите на еврокомесарот за проширување Оли Рен ќе отворат пат до решение.„Многу сериозно ја разгледуваме таа иницијатива“, изјави Тирк за австрискиот весник Куриер, осврнувајќи се на посредничките напори на ЕК.„Доставивме неколку предлози за измена на предлогот на Комисијата. Се надевам дека врз основа на тоа ќе биде можно брзо да напредуваме“, изјави Тирк.Тој нагласи дека Словенија „во никој случај“ нема намера да го блокира…
Четиридневните избори за нов состав на Европскиот парламент денеска продолжуваат во Ирска и Чешка, каде се гласаше и вчера, како и во Летонија, Кипар, Малта и Словачка.На првиот ден од изборите, во четвртокот, на избирачките места излегоа граѓаните на Велика Британија и Холандија.Повеќе од 375 милиони граѓани со право на глас во сите 27 земји членки на Унијата, заклучно со утре ќе го избираат новиот состав на ЕП, кој брои вкупно 736 пратеници.Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо упати преку медиумите повик до Европејците да излезат на гласање. Статистиката покажува намал…
Црногорската полиција утрово евакуираше улица во Бар откако маж упадна во подружницата на една банка и се закани дека ќе активира експлозивна направа. Тој на банката залепи натпис „Вратете ги парите што ги украдовте од работниците на Приморка‘, претпријатие чие пропаѓање стана голем скандал во Црна Гора.
Полицијата потврди дека едно лице се заканува со експлозивна направа.
Мажот кој се претстави како Един Бегзиќ претходно на медиумите им доставил снимка од Јутјуб, во која ги повика црногорските власти да помогнат во решавањето на ситуацијата со банката, тврдејќи дека на работниците им е…
Во пожар во автобус во југо-западна Кина утрово загинаа 24 патници, а 44 се повредени. Десет патници како што пренесуваат медиумите успеале да се спасат неповредени од градскот автобус кој пламнал без експлозија и многу брзо целосно изгорел во градот Шенгду во провинцијата Сешуан. Локалните власти се уште не ја соопштуваат причината за пожарот, но според очевидци возилото изгорело брзо поради тоа што користел плин наместо нафта.{loadposition content9}
За посетата на „најмноќниот човек на светот“ важат и посебни безбедносни мерки. Според податоците на дрезденската полиција, за безбедноста на Обама се грижат повеќе од четири илјади припадници на полицијата во акцијата наречена „Каналето 2009“. Сите имаат една цел – да обезбедат најголемо ниво на заштита за „најмоќниот човек во светот“. Дрезден имаше само четири недели за подготовка, бидејќи американската влада дополнително се одлучи по посетата на Блискиот Исток, Обама да допатува и во Европа. Вообичаено, посетите од толку висок ранг се најавуваат најмалку една година претходно. Портпароло…
Граѓаните на Велика Британија и Холандија денеска ќе излезат на гласање за да ги изберат своите пратеници за Европскиот парламент (ЕП), со што почнува четиридневниот изборен процес за една од најважните институции во ЕУ. Повеќе од 375 милиони граѓани со право на глас во сите 27 земји членки на Унијата, заклучно со недела, 7 јуни, ќе го избираат новиот состав на ЕП, кој брои вкупно 736 пратеници.Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо упати преку медиумите повик до Европејците да излезат на гласање. Статистиката покажува намалување на интересот кон изборите за Европарламент,…