„Блиндираниот“ Обама во посета на Германија

По посетата на Каиро, Барак Обама денеска е во посета на Дрезден.

 |  Крсте Голабовски  | 
Barak Obama
Барак Обама

За посетата на „најмноќниот човек на светот“ важат и посебни безбедносни мерки.

Obama i MerkelСпоред податоците на дрезденската полиција, за безбедноста на Обама се грижат повеќе од четири илјади припадници на полицијата во акцијата наречена „Каналето 2009“.

Сите имаат една цел – да обезбедат најголемо ниво на заштита за „најмоќниот човек во светот“. Дрезден имаше само четири недели за подготовка, бидејќи американската влада дополнително се одлучи по посетата на Блискиот Исток, Обама да допатува и во Европа. Вообичаено, посетите од толку висок ранг се најавуваат најмалку една година претходно. Портпаролот на полицијата, Томас Гајтнер, за краткото време за подготовка вели:

„Формиравме еден вид штаб за подготовка, во кој влегоа претставници на германската прес-служба, службата за борба против криминалот и претставници на американската влада, кои работеа заедно со властите во покраината Саксонија. Штабот брои педесетина лица, кои деноноќно работат на подготовките“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top