МАЖ УПАДНА ВО БАНКА ВО БАР И СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ АКТИВИРА ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА

Црногорската полиција утрово евакуираше улица во Бар откако маж упадна во подружницата на една банка и се закани дека ќе активира експлозивна направа. Тој на банката залепи натпис „Вратете ги парите што ги украдовте од работниците на Приморка‘, претпријатие чие пропаѓање стана голем скандал во Црна Гора.

 |   | 

Полицијата потврди дека едно лице се заканува со експлозивна направа.

Мажот кој се претстави како Един Бегзиќ претходно на медиумите им доставил снимка од Јутјуб, во која ги повика црногорските власти да помогнат во решавањето на ситуацијата со банката, тврдејќи дека на работниците им е нанесена повеќемилионска штета.

Банката ќе ја држам под контрола сè додека на работниците не им ги исплати парите што ги украла, со законски предвидената камата. Со себе ќе имам и пиштол, панцир, молотови коктели и две импровизирани експлозивни направи – вели тој на снимката.

Тој кажа дека е син на бивш работник на „Приморка“, додавајќи дека е подготвен да даде живот за нив.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top