Ное 20, 2009

Првиот претседател на ЕУ ќе стапи на должност на 1 јануари 2010

Новоизбраниот претседател на Европската унија -белгискиот премиер Херман ван Ромпуј, изјави синоќа на прес-конференција дека ќе стапи на новата должност на 1 јануари 2010 година.- Ја преземам функцијата претседател на ЕУ со убедување и ентузијазам, истакна Ван Ромпуј.Според него, изборот за прв претседател и прв шеф на дипломатијата на ЕУ ставил крај на институционалната криза на ЕУ, која започна со неуспехот на проектот за Уставот во 2005 година. – Дискусиите за институционална криза завршија за подолг временски период, истакна тој.Ван Ромпуј ги посочи вработувањето и зачувувањето на живот…

Ное 19, 2009

ЕУ го избира првиот претседател

Европската унија (ЕУ) ќе одржи денеска средба на врвот, на која што треба да бидат избрани првиот претседател и првиот министер за надворешни работи на Унијата.Двете нови функции се предвидени во Лисабонскиот договор, што треба да стапи на сила на 1.декември оваа година, откако беше ратификуван од сите 27 земји членки на ЕУ.Шведското претседателство јасно стави до знаење дека сака „силни лидери“ на чело на Унијата.Некои од земјите членки на ЕУ, како што се Франција и Германија, би сакале на чело на Унијата да застане личност со лидерско, но и меѓународно искуство, затоа што неговата главна …

Ное 19, 2009

Српскиот патријарх Павле денеска ќе биде погребан

Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Павле денеска во 13 часот ќе биде погребан на гробиштата во манастирот „Свети Архангел“ во Раковица.Утрово во Соборниот храм, каде се изложени посмртните останки на српскиот патријарх, започна упокоителна литургија која ја предводи Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Српскиот патријарх по сопствена желба ќе биде погребан на манастирските гробишта покрај првиот патријарх на обновената патријаршија на СПЦ, Димитрија.Во подготовката на неговиот вечен дом учествувале и сестринството на манастирот и граѓаните на Раковице.Централното случување н…

Јул 1, 2016

Ердоган отвори еден од најголемите висечки мостови во светот

Турско исламско-конзервативниот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот го пушти во промет еден од своите мега проекти, мостот во заливот Izmit, на северозападот од земјата, кој е  воедно најголемо градилиште кое некогаш е покренато во Турција пред три години. Мостот е наречен Osman Gazi, по името на султанот Osman I. , се наоѓа на Мраморното море, и е еден од најголемите висечки мостови во светот од 3 км и е составен дел од главната делница на автопатот Gebze-Orhngazi-Izmir, долг 433 км. “Требаше да биде изграден пред 50 години, но сега конечно го завршивме”,изјави Ердоган на свечен…

Ное 14, 2009

Второ издание на Bespoke саемот во Милано

Од велосипед, украсен со кристал од Сваровски, до чанти од крокодилска кожа во сите бои и големини, се изложени на саемот на луксузот во Милано.Второто издание на саемот Bespoke во Милано на љубителите н луксузни стоки им нуди бижутерии и часовници, порцелан и луксузни автомобили, кожни палта и кашмирни блузи, како и вина и елегантни свеќи. Организаторите се надеваат околу 12,000 луѓе да го посетат саемот што ќе трае до 15 ноември. Лани имаше 10,500 посетители.{loadposition content9}

Ное 14, 2009

Словенечкиот алпинист Томаж Хумар пронајден мртов на Хималаите

Словенечкиот алпинист Томаж Хумар (40) кој од понеделникот немаше воспоставено никаков контакт со базата, денеска е пронајден мртов на Хималаите.Според словенечките медиуми, телото на Хумар на 5 600 м надморска височина го пронашле швајцарски спасувачи и со хеликоптер го префрлиле во базата на подножјето на Лангтанг Луринг.„Спасувачите утврдија дека Хумар починал наскоро по јавувањето во базата во понеделник или вторник„ изјави словенечкиот алпинист Вики Грошељ кој беше и координатор на акцијата за спасување.Првичниот преглед покажал дека Хумар имал скршена нога, но и можни други повреди и …

Ное 9, 2009

Две децении од падот на Берлинскиот ѕид

Германија денеска со бројни свечености ќе ја прослави 20. годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.Одбележувањето ќе почне со средба на германската канцеларка Ангела Меркел со американскиот државен секретар Хилари Клинтон.Во попладневните часови, Меркел заедно со поранешниот советски и полски претседател, Михаил Горбачов и Лех Валенса, ќе го минат мостот на кој до обединувањето на двете германски републики се наоѓаше граничниот премин Борнхолмер Штрасе.Вечерва, пред Брандербуршката порта, која се наоѓаше точно на границата меѓу некогашниот Источен и западен берлин, ќе биде одржана централнат…

Ное 9, 2009

Бројот на жртвите од ураганот Ида достигна 124 лица

Најмалку 124 лица загинаа во Салвадор во поплави и лизгање на земјиштето предизвикани од ураганот Ида, изјави денеска претседателот Маурисио Фунес.- Природната стихија предизвика трагедија во Сан Салвадор и причини огромни штети, истакна Фунес.Властите в планинската централно-американска држава прогласиле вонредна состојба во пет од 14 департмани.Салвадор од четвртокот е зафатен со поројни дождови. Истиот ден Ида премина преку Никарагва. Во моментот, ураганот, кој е од прва категорија на петспепената скала Сафир-Симпсон и е придружуван со ветрови со брзина од 145 километри на час, преминува…
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top