Фев 25, 2010

Пангалос: „Германија да ни го врати златото што ни го украдоа нацистите“

Би-Би-Си пренесе изјава на заменик-премиерот Теодорос Пангалос кој ја обвини Германија дека нема право да критикува бидејќи таа ја упропастила грчката економија и убила илјадници луѓе за време на нацистичката окупација, а никогаш не платила за златото што го украле нацистите.Лутината ја изрази поради неодлучноста на Берлин да преземе конкретни чекори да и помогне на неговата земја.Берлин не го коментираше обвинението, но рече дека Атина е таа што треба да воведе ред во грчката економија.{loadposition content9}

Фев 24, 2010

Перу ќе ја надмине Колумбија во производство на кокаин

Државата Перу би можела да ја надминe Колумбија во производството на кокаин, доколку искоренувањето на политиката и понатаму биде спора како до сега, известуваат од ОН, Меѓународниот одбор за контрола на дрога.Во годинешниот извештај на Комитетот стои дека областа каде што се одгледува кокаин во Јужна Америка во текот на 2008 година се смалила на 167.600 хектари, што е за осум отсто помалку од претходните години. 48,3 отсто од земјиштето каде што се одгледува кокаин потпаѓало под колумбиска власт, а 33,5 под перуанска.“Ако владата на Перу не преземат построги мерки за уништување и контрола …

Фев 24, 2010

Нов потрес во автомобилската индустрија: Хјундаи повлече 47 000 возила

Јужнокорејската фабрика за автомобили “Хјундаи“ објавила дека ќе ги повлече моделите “Соната“.Тоа е инаку најуспешниот модел на фабриката, се повлекуваат возила од САД и Јужна Кореја поради проблеми со електронското заклучување на вратите.Повлекувањето се однесува на 1300 возила “соната“ веќе продадени на американскиот пазар и на околу 46 илјади автомобили до Јужна Кореја, соопштила компанијата.Оттаму велат дека вестите за “Соната“ ги вознемириле.“Но, реакцијата на производителот е емоционална. Хјундаи веќе откри во што е проблемот и почна со заменување на проблематичните делови, за разлика…

Фев 23, 2010

ЕУ ќе се распадне поради Грчката финансиска криза

Грчката финансиска криза не му се заканува само на еврото, туку го загрозува единството на целата Европска унија и бара силен политички одговор, пишува денеска „Фајненшл Тајмс“.Тоа што се случува во Грција би можело да го загрози единството на европското семејство градено во текот на изминатите 60 години. Ако Европа на политички план не направи чекор напред во одговорот на грчката криза, ќе тргне чекор наназад и долгиот процес на европската интеграцијаќе почне да се распаѓа, оценува лондонскиот бизнис весник.Формирање единствен пазар и усвојување на заедничка валута беа само почетни елемент…

Јул 23, 2016

Познати деталите од нападот во трговскиот центар во Минхен

Напаѓачот од трговскиот центар во Германија е 18-годишен Иранец од Минхен, изјави шефот на полицијта Hubertus Andrae на конференцијата за новинари, додавајќи дека мотивите за злосторството не се познати. Момчето по нападот изврши самоубиство.Нема други осомничени за пукањето во кое загинаа девет лица, а најмалку 21 се повредени.Нападот се случи во трговскиот центар Olympia околу 5 километри северозападно од Минхен.Телото на напаѓачот е пронајдено на околку еден километар од трговскиот центар, а пронајден е и црвен ранец во близината на телото кој е истражуван дали во него имало експлозив, и…

Фев 23, 2010

Фрлање со чевли по светски лидери стана тренд

Курдски активист се обидел да го погоди премиерот на Турција, Реџеп Таир Ердоган, но чевелот завршил на друго место. Фрлањето чевли во знак на несогласување со политиката која ја водат светските лидери стана тренд. Нова мета на фрлач на чевли стана и премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган. Курдски емигрант во Шпанија фрлил чевел врз Ердоган за време на неговата посета на шпанскиот град Севиља, јави турската телевизија Хабер Турк.„Да живее Курдистан!“, извикал емигрантот при својот триумфален напад со чевел врз премиерот Ердоган по завршувањето на церемонијата на која Ердоган добил награда …

Фев 22, 2010

Израел претстави беспилотни авиони, кои можат да летаат до Иран

Беспилотните авиони „Херон ТП“ имаат распон на на крилата од 26 метри, со што имаат димензии на патнички авион. Тие можат да летаат во траење од 20 часа и претежно се користат за набљудување и за пренесување на товар.Авионите се произведени од државната компанија на Израелската воздухопловна индустрија и прв пат се употребени за време на офанзивата во Појасот Газа минатата година. Компанијата тврди дека тие можат да стигнат до Персискиот залив.На церемонијата на презентирање на авионите во воздухопловната база Тел Ноф, израелските власти одбија да кажат колку летала има во флотата и дали ти…

Фев 22, 2010

При воздушен напад на НАТО во Авганистан, 21 загинати

Најмалку 21 лице загинало, а 14 се ранети во воздушниот напад на НАТО силите во Јужен Авганистан соопшти денеска авганистанското министерство за внатрешни работи.Од НАТО потврдиле дека авионите на алијансата синоќа нападнале колона на возила бидејќи верувале дека во нив се наоѓаат бунтовници кои се подготвувале за напад, а потоа било констатирано дека во возилата се наоѓале жени и деца,НАТО не го соопштил бројот на жртвите ниту дали сите кои се наоѓале во возилата биле цивили.Авганистанската влада и НАТО ја започнале истрагата.{loadposition content}
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top