Перу ќе ја надмине Колумбија во производство на кокаин

Државата Перу би можела да ја надминe Колумбија во производството на кокаин, доколку искоренувањето на политиката и понатаму биде спора како до сега, известуваат од ОН, Меѓународниот одбор за контрола на дрога.

 |  Маја Савиќ  | 
Peru,kokain
Перу,кокаин

Peru,kokainДржавата Перу би можела да ја надминe Колумбија во производството на кокаин, доколку искоренувањето на политиката и понатаму биде спора како до сега, известуваат од ОН, Меѓународниот одбор за контрола на дрога.

Во годинешниот извештај на Комитетот стои дека областа каде што се одгледува кокаин во Јужна Америка во текот на 2008 година се смалила на 167.600 хектари, што е за осум отсто помалку од претходните години. 48,3 отсто од земјиштето каде што се одгледува кокаин потпаѓало под колумбиска власт, а 33,5 под перуанска.

“Ако владата на Перу не преземат построги мерки за уништување и контрола на кокаинот, земјата би можела во текот на идните пет до десет години да стани најголем производител на кокаин меѓу земјите во Латинска Америка“ изјавил член на Комитетот Камило Урибе, изнесувајќи податоци од извештајот од состанокот во Богота.

Колумбија во текот на 2008 година произвела 430 тони кокаин, а Перу 302 тони. Третиот најголем произведувач на оваа опојна дрога во Латинска Америка е Боливија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top