ЕУ ќе се распадне поради Грчката финансиска криза

Грчката финансиска криза не му се заканува само на еврото, туку го загрозува единството на целата Европска унија и бара силен политички одговор, пишува денеска „Фајненшл Тајмс“.

 |  Маја Савиќ  | 
Atina
Атина

EUГрчката финансиска криза не му се заканува само на еврото, туку го загрозува единството на целата Европска унија и бара силен политички одговор, пишува денеска „Фајненшл Тајмс“.

Тоа што се случува во Грција би можело да го загрози единството на европското семејство градено во текот на изминатите 60 години. Ако Европа на политички план не направи чекор напред во одговорот на грчката криза, ќе тргне чекор наназад и долгиот процес на европската интеграција
ќе почне да се распаѓа, оценува лондонскиот бизнис весник.

Формирање единствен пазар и усвојување на заедничка валута беа само почетни елементи во создавањето политичка унија која доведе до ширење на европските закони и намалување на националниот суверенитет.

Актуелната финансиска криза која ја погоди Грција, а веќе им се заканува на Шпанија, Португалија па дури и Италија, бара силен политички одговор кој меѓутоа до сега изостана, пишува „Фајненш Тајмс“.

„На светлина излегува вистината кои заколнатите проевропјани многу неволно ја признаваат, а тоа е дека повеќето граѓани на Европската унија и понатаму се поприврзани кон својата земја отколку кон Унијата и затоа не сакаат од својот џеп да плаќаат за туѓите проблеми“, оценува весникот.

Покрај новата криза на еврото, која би можела да настапи веќе за неколку месеци, се заканува опасност Европската унија да биде соочена и со криза на доверба, која најверојатно ќе доведе во прашање и бројни други овластувања на Брисел, од вселување до социјална политика.

Затоа грчката криза, заклучува „Фајненш Тајмс“ доведува во прашање многу повеќе од парите.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top