Неизвесноста и денес ја тресе Грција која повеќе од 48 часа е во технички банкрот. И додека челниците на еврогрупата го чекаат исходот на неделниот референдум, претседателката на ММФ, Кристин Лагард, реформите ги поставува како услов за било каков понатамошен чекор.
Во Атина минатата вечер собир организираше Грчката комунистичка партија на која го израија незадоволството за мерките на штедење и не ја сакаат Грција во ЕУ. Тие повикуваа на референдумот да се отфрлат двата предлога.
Иако во Грција ситуацијата е навидум нормална и луѓето седат по кафулињата и рестораните, последиците на техничкиот банкрот веќе се чувствуваат.
Најновата анкета за грчкиот референдум на кој бирачите во недела ќе се изјаснат за понудата на меѓународните кредитори и мерките за штедење, покажува дека заговорниците за прифаќање на понудата на кредиторите е во мала предност, пренесува Reuters.
Спрема резултатите од анкетата која ја спровел институтот ALCO, 44,8% од гласачите ќе го дадат својот глас за прифаќање на понудата на меѓународните кредитори, додека против ќе бидат 43,4% од гласачите, а засега неодлучни се 11,8%.
Ова најново истражување на јавното мислење покажува пресврт во расположението на гласачите кои во претходната анкета одлучно го изразиле противењето на понудите од кредиторите кое е во склад со мислењето на левичарската влада предводена од премиерот Алексис Ципрас.
Аналитичарите оваа промена на расположението на гласачите ја припишуваат во најавата дека доколку победи “НЕ”, банките ќе останат затворени, но и во острото предупредување на ММФ дека Грција ќе се соочи со финансиска провалија.
ММФ, една страна од тројката која стои зад низата пакети на помош за излез од кризата, потсетува дека Грција во наредните три години ќе и бидат потребни додатни 50 милијарди евра, вклучувајќи 36 милијарди од европските партнери, за да се одржи.
Имено, пред грчките банки и вчера повторно имаше редици каде пензионерите ја подигнуваат својата пензија, поточно 120 евра колку што е дозволен лимит на подигање средства и воедно со самото тоа животот во Грција станува сѐ потежок.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град