Кога купувате овошје од увоз, секако препорачливо е да ги погледнете броевите на етикатата од овошјето.
-Ако таа бројка се состои од четири цифри кои почнуваат со 3 или 4, тоа значи дека овошјето е одгледано по земјоделски правила кои важеле во втората половина од минатиот век, а тоа пак значи дека постојат големи шанси дека производителот користел вештачки ѓубрива. На пример, вака произведени банани се означени со броевите 4011, а лимоните со 4033.
-Ако овошјето кое имате намера да го купите има на етикетата пет цифри од кои првата е 8, станува збор за генетски модифициран производ. На пример, ГМО бананите на себе ја имаат бројката 84011.
-Доколку на овошјето се наоѓаат пет цифри, а првата е 9, станува збор за здрав органски производ, одгледан без ѓубрива и пестициди. Органски одгледаните банани, на пример, имаат број 94011, пишува Healty Food. Ако најдете ваков производ секако ќе забележите и дека е поскапо од другите, бидејќи органски произведено овошје е поскапо од претходно наведените примери.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град