Познатиот трговски ланец за мебел, Икеа, од неодамна присутен и во Хрватска, одлучил да го смени и освежи пристапот кон дизајнот.
“Мислам дека мораме, и го правиме, да размилсиме за тоа што ќе биде скандинавско во иднина”, рекол главниот дизајнер на Икеа, Маркус Енгман.
Приходите на компанијата растеа многу бидејќи ги одржуваа трошоците на многу ниско ниво, а воедно ги уверија потрошувачите дека можат сами да ги составуваат производите.
Сега сакаат до 2020 година да ги дуплираат приходите, на 50 милијарди евра, да го зголемат бројот на продавници со ширење индискиот полуостров, но и да ја поттикнат онлајн продажбата.
За да го спроведат ова успешно во компанијата мораат да го земат во предвид фактот дека клиентите се со сè поголем софистициран вкус.
Во изминатата година продавниците на Икеа ја посетиле 775 милиони луѓе од околу 50 земји, а нивната интернет страница околу 1,2 милијарди луѓе.
Во настојувањата повторно да се направи скандинавскиот имиџ – позната по минималистичкиот дизајн -, шведската компанија е свесна дека и самата Шведска исто така се сменила. Имено, од времето кога нејзиниот основач, Ингвар Кампрад, отворената политика која Шведска ја водела по прашањето за давање државјанства, па до сега резултатот е доаѓање на десетици илјади доселеници од Африка, Азија, Блискиот исток и источна Европа. Затоа новиот дизајнерски пристап мора да ја земе во предвид и мултикултуралноста на Шведска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град