Иако опцијата “unfriend”, по која многумина посегнуваат во налет на бес, е често само знак на незрелост, во Австралија е прогласена за злоупотреба. Во оваа земја луѓето ќе мора два пати да размислат ако сакаат да ги отстранат соработниците од листата на пријатели на Facebook.
Имено, комисијата која се занимава со основните права на работниците (Fair Work Australia) утврдила дека ако администраторот отстрани колега од работа од листата на пријатели на Facebook се смета за вид на злоупотреба.
Како резултат на ова, жртвата сега ќе може на суд да ја запре таа злоуптреба. Сепак, малку е веројатно дека ќе се видат вакви случаеви на суд кои како доказ за злоупотреба ќе го земаат отстранувањето од листата на пријатели на Facebook.
Можеби во оваа земја сега колегите од работа меѓусебно ќе бидат помалку спремни за прифаќање на барањата за пријателство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град