Меѓу пикантериите во разузнувачките служби е и таа под името “11 септември 2001 со претседателот”, која го опишува работниот ден на Џорџ В. Буш на тој кобен ден.
Само 30 минути пред да ја дознае веста за првото забивање на авионот во WTC, Буш читал весници. Му пришол заменик директорот на CIA, Мајкл Морел, а Буш го запрашал: “Има ли нешто интересно денес?” Буш и персоналот тогаш биле на службен пат и се наоѓале во хотелот Longboat key на Флорида. Претседателот го потпрашувал својот персонал дали добро спиеле и дали ги слушале брановите од плажата. Само неколку минути подоцна следеле случувањата кои ќе го направат најтрагичен ден во мандатот на Буш, но и во поновата американска историја.
Во моментите кога првиот небодер на WTC горел, претседателот се возел кон основното училиште Booker во Sarasota. На мобилен телефон го повикал секретарот на Белата куќа и му ја соопштил веста.
“Буш се заврте спрема мене и ме праша: “Мајкл, знаеш ти нешто за тоа?”. Му реков дека не знам и дека се надевам дека станува збор за несреќен случај, прераскажува Морел.
Додека претседателот седел во училницата со првачињата, му пришол Морел и му ја соопштил веста за вториот небодер. Сега станало јасно дека се работи за тероризам и дека САД е под напад. Лицето на Буш се замрзнало.
“Тивко гледаше во вселената пет минути, беше нелагодно чувство”, рекол Морел. Потоа цела свита тргнала кон претседателскиот авион кои детално бил претресен во страв дека можеби и тој е дел од терористичките цели. За време на летот кон Луизијана сите биле загрижени и во шок. Претседателот беше цврст, тврди Морел.
“Ме праша кој би можел тоа да го направи. Му одговорив дека зад нападите најверојатно стои Осама бин Ладен и Ал Каеда, наведува Морел, а пренесува агенцијата VLM.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град