Откриени се монструозните планови на Исламската држава

Овие планови гo вклучуваат и Владимир Путин

 |  инфодеск  | 

Откриени се плановите на Исламската држава спрема кои преку Русија би дошле до иранската нуклеарна технологија, а во замена би и дале на Русија пристап до нафтените полиња во ирачката покраина Анбар. Освен нуклеарната технологија, од Москва исламистите би барале да ги прекинат врските со сиријскиот претседател Башар ал Асад како и да направат сојуз со сунитските држави на арапскиот полуостров кои би ги помагале IS во конфликтите со Сирија и Иран, пишува Russia Today.

Документот од 70 точки го објави Sunday Times, а се верува дека го напишал Abdullah Ahmed Meshedani, еден од шестмината членови на тајниот воен кабинет на Исламската држава.

Планот на IS за создавање на Калифат го заплениле ирачките специјални сили за  време на рација во една куќа на постар член на IS во март годинава. Западните разузнувачки служби ја потврдиле неговата автентичност.

Интерсна е уште една точка во планот а тоа е изградба на канал преку Обединетите Арапски Емирати, како што е Панамскиот канал, што би овозможило патување на танкерите до Персискиот залив, заобиколуваќи го Хормушкиот теснец кој го контролира Иран.

На домашен терен, Исламската држава, испланирала своеврсна програма за етничко чистење, однносно еугенска програма за подобрување и контрола на човечкиот вид и со тоа би се спречило инфериорните да имаат деца а поттикнување на супериорните што повеќе да се размножуваат.

Долгорочно, IS сака сунитите од Пакистан и Сирија да мигрираат во земји со мешовито сунитско-шиитско население и таму да се женат веднаш и да имаат многу деца за да создадат јадра, за кога ќе дојдело времето на истребување на сите шиити.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top