Откриена планета за живот

Пронајдена е нова Земја

 |  инфодеск  | 

Потрагата по вонземски живот добива нови ветришта в грб по откритието на еден научник кој открил планета голема скоро колку Земјата, пишува Daily Mail.

Астрономот Томас Баркли од истражувачкиот центар на NASA во Калифорнија дошол до ново откритие со помош на податоците кои ги собира вселенскиот телескоп Кеплер.

Неименуваната планета е откриена како орбитира околу неидентификувана ѕвезда во таканаречената „златокоса зона“ – во прашање е регион околу ѕвезда која емитува доволно енергија, светло и температура за постоење на вода на планетата потребна за создавање на живот.

Со помош на сликата која ја забележал Кеплер, Баркли тврди дека верува дека пронашол нов ѕвезден систем кој се состои од пет планети кои орбитираат околу М1 џуџестата ѕвезда.

Овие ѕвезди се многу помали и послаби од сонцето и не се доволно светли за да се видат со голо око.

Познати како црвени џуџиња, овие ѕвезди сочинуваат 70% од сите ѕвезди во галаксијата и можат да се разликуваат по големината.

Иако досега се откриени неколку планети слични на нашата, новооткриената по својата големина е најблиска до Земјата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top