Откриена тајната на најпознатата ИТ позадина

Брдо во Ирска или Франција, ништо од тоа

 |  инфодеск  | 

Зеленото брдо, познато под името Блиш, кое се појавува на мониторот кога ќе го вклучиме компјутерот, се наоѓа во Калифорнија.

Информацијата неодамна ја открила компанијата Микрософт. Американскиот фотограф Чак ОРиер објаснува дека ја направил во јануари 1995 година.

Се возел кон куќата на својата пријателка во округот Напа, на север од Сан Франциско, кога здогледал фантастичен пејсаж и одлучил да застане како би го овековечил.

„Тревата била совршена а сонцето блескаше. На небото немаше ниедно облаче, но додека паркирав и го поставував фотоапаратот, облаците се појавија“, раскажал фотографот кој долго работел за списанието „National Geographic”.

“Направив четири фотографии и тоа беше тоа“, рекол ОРиер кој се колне дека фотографијата не ја ретуширал.

Пет години подоцна, ги отстапил авторските права на Микрософт, а не знаел што тие ќе направат со неа.

ОРиер денес со насмевка се потсетува на сите приказни кои ги чул по повод својата позадина. „Не не е Франција, ниту Ирска, туку е во близина на мојата куќа“, наведува тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top