Некои големи ѕвезди од YouTube годишно заработуват по неколку милони долари благодарение на успехот кој го направиле на YouTube (нивните видеа ги прегледуваат милиони луѓе ширум светот), некои пак ги напуштиле факултетите и одлучиле да се посветат на кариерата “професионалец” на YouTube која им носи голема заработувачка.
Еден од милионерите со YouTube е осумгодишниот Evan кој на овој сервис стартувал три канали, од кој најпопуларен е EvanTubeHD на кој рецензира игри и играчки (во кој му помагаат неговата сестра и мајка) – неговите канали ги следат повеќе од еден милион корисници а неговите видеозаписи се прегледани стотици милиони пати.
Со оглед дека бројката на прегледи на видеозаписите и големата популарност на неговите канали, Evan од реклами заработува дури 1,3 милиони долари годишно, објавиле на Business Insider. Овој милионски бизнис почнал како забава на Evan и неговиот татко кој на почетокот снимале видеозаписи како ја играат и коментираат играта Angry Bird, а денес зад Evan стои тим за продажба кој преговара со големи компании и брендови за продажба на огласен простор кој се појавува внатре и покрај секое објавено видео, како и околу производот кој го рецензира ова дете. Целата заработка која ја отстваруваат на овој начин, рекол во интервјуто неговиот татко Jared, оди во понатамошно инвестирање и заштеда за децата, а ако Evan продолжи со вакво темпо, додека порасне веќе ќе има десетици милиони долари на сметка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град