Осум работи кои Zuckerberg успеал да ги направи пред да наполни 30 години

Mark Zuckerberg неодамна направи 30 години

 |  инфодеск  | 

По повод неговиот роденден ABC News направил голема листа на постигнувања кои шефот на Facebook успеал да ги направи пред да наполни 30 години. Не треба да се нагласува дека неговиот живот е сосем поинаков од просечен триесетгодишник. Еве осум работи од тој список:

Станал многу богат. Forbes проценува дека неговото богатство преминува 26 милијарди долари.

Го средил станбеното прашање онака како што само богатите можат. Минатата година купил недвижнини во вредност од 30 милиони долари, а една продал за 14 милиони долари.

Воведе нов збор во речникот – “unfriend”.

Превзеде огромни аквизиции. Неговата компанија ги купи помеѓу другите, Instagram за една милијарда долари, компанијата Oculus VR  за 2 милијарди, но тоа не е ништо во споредба со превземањето на апликацијата WhatsApp за 19 милијарди долари.

Доби биографски филм. Режисерот David Fincher во 2010 година го сними филмот “Социјална мрежа”, кој говори за почетоците на Facebook.

Ја доведе својата компанија на берза. Акциите на Facebook дебитираа на Wall Street пред две години.

Успеа да гостува како анимиран лик во култната анимирана серија Simpsons.

Успеа да го доведе Facebook од веб страна за студенти до сервис кои го користат повеќе од милијарда луѓе. Таа граница социјалната мрежа ја достигна во 2012 година.

{loadposition content9} 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top