Оставка поради шише вино

Подарокот го чинела оставка

 |  инфодеск  | 

Премиерот на Нов Јужен Велс (Австралија), Бери О’Фарел, поднел оставка откако го откриле дека лажел за примањето подарок шише вино вредно 3000 австралиски долари.

О’Фарел е последниот во низата функционери опфатени со широката истрага за корупција во таа држава во која неодамна и неговиот колега, сенаторот Артур Синодинос, поднесе оставка на должност помошник министер за финансии.

О’Фарел одлуката за оставка ја донел откако истражителите ја открија неговата рачно напишана благодарница за шишето вино Penfolds Grange од 1959 година, еден ден по негирањето дека тоа го сторил.

“Сеуште не можам да се сетам на подарокот, и не можам да објаснам што беше со тоа шише вино”, изјавил за новинарите О’Фарел, упорно негирајќи дека примил подарок. “Но прифаќам дека постои благодарница која сум ја потпишал и ако има простор за одговорност тогаш ја прифаќам” , додал О’Фарел.

Спорното шише вино О’Фарел го добил од бизнисменот и адвокат Ник Ди Џиролама, поврзан со пратеникот на Нов Јужен Велс , Еди Обеид, кој го истражува независната државна антикорупциска власт.

Оставката на премиерот на Нов Јужен Велс најверојатно ќе му наштети на премиерот на Австралија Тони Абот кој минатата година дојде на власт ветувајќи крај на проблематичното владеење на лабуристичката влада. Абот брзо застанал во одбрана на О’Фарел, истакнувајќи дека неговата оставка е чин на чест и интегритет, а не последица на корупција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top