Извинување и оставка на премиерот на Јужна Кореја

Обраќањето во јавноста директно пренесувано на државната телевизија

 |  инфодеск  | 

“Се извинувам што не ја спречив оваа несреќа и што не одговорив адекватно за да не дојде до тоа. Верувам дека како премиер морам да ја превземам одговорноста и да дадам оставка”, рекол Чунг во обраќањето до јавноста, која директно го пренесувала јужнокорејската државна телевизија.

Претседателот на Јужна Кореја ја прифатил оставката на премиерот Чунг Хонг-Вон поради трагедијата со бродоломот на траектот, кога загинаа или исчезнаа повеќе од 300 лица.

Владата во Сеул, како и сите други органи на власт, во изминатите денови биле изложени на остри критики на јавноста поради трагедијата, односно на начинот на кој е спроведена акцијата за спасување, наведува агенцијата AFP.

“Оваа несреќа ги растажи сите јужнокорејци. Поминаа доста денови од несреќата, но поради тагата на фамилиите и понатаму не можам да спијам. Драги граѓани на Јужна Кореја, сега не е време да покажуваме прст едни во други и да бараме други виновници, туку да ја завршиме акцијата на спасување. Ве молам да ја пребродиме оваа тешка ситуација”, наведува Чунг.

“Искрено се надевам дека ние јужнокоејците и фамилиите на жртвите ќе разберат зошто не можам да останам на фунцијата премиер до крај. Уште еднаш ве молам да се здружите во поддршката на акцијата за спасување”, рекол тој.

Чунг додал дека сакал и порано да даде оставка но акцијата за спасување му била приоритет, па сметал дека пред заминување било одговорно тоа да се заврши.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top