Оскаровецот Soderbergh ќе снима филм за финансиската афера на столетието

Оснoва на филмот ќе претставува книгата “Secrecy world” на добитникот на Пулицер Jack Bernstein

 |  инфодеск  | 

Аферата “Panama papers” разоткри шефови на држави, политичари, славни лица, но и криминалци кои користеле оф-шор компании за цел перење и криење на пари.

Основа за филмот ќе претставува книгата “Secrecy world” на добитникот на Пулицер Jack Bernstein. Bernstein беше еден од новинарите на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) кои ја разоткрија аферата и најави дека во својата книга ќе открие и досега непознати детали.

Панамските документи содржат 11,5 милиони документи кои протекоа од адвокатската фирма Mossack Fonseca, сместена во Панама. Во тие документи се споменуваат 12 актуелни и екс лидери, 128 политичари и јавни функционери, милијардери, славни личности, спортски ѕвезди…Податоците достигнуваат и 40 години наназад, од 1977 до 2015 година, а вклучува и 214.000 оф-шор правни субјекти.

Steven Soderbergh во 2000 година доби Оскар за режија на филмот “Trafiic”, а во 1989 Златна палма за филмот “Секс, лаги и видеоленти”. Славниот режисер ги потпишува и хитовите како што се “Ерин Брокович”,  “Единаесетмина на Оушн” и двете негови продолженија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top