Опција која ја забрзува работата на телефоните со Android

Опцијата може да се активира на било кој модел кој работи на Android

 |  инфодеск  | 

Сеедно дали имате најнов Android телефон или малку постар модел, на сите нив по одреден период му опаѓаат перфомансите. Но, постои еден трик за кој малку луѓе знаат, а кој значително ќе ја забрза работата на вашиот Android уред.
Станува збор за опција која се крие во тајното мени кое е резервирано за девелоперите, но во него е многу лесно да пристапат и сите други корисници.
Причини за грижи нема бидејќи оваа опција не може да му наштети на телефонот, а може да се исклучи во секој момент, a за да се намести ќе ви биде потребна само една минута.
Пред сè треба да се влезе во нагодувања (settings), а потоа да се пронајде опцијата “за телефон” (about phone).
Во новото прозорче пронајдете ја опцијата “број на верзија” (build number) и кликнете на неа неколку пати, се додека на екранот не се појави порака дека сте станале девелопер.
Потоа вратете се еден чекор назад. Ќе видите дека се појавила нова опција под името “опција за девелопери” (developer option).
Влезете во опцијата за девелопери и побарајте ги функциите “размер на анимација на прозорите” (windows animation scale), “размер на анимации на премини” (transition animation scale), “аниматор размер на траење”(animation duration scale). Секоја од споменатите опции е наместена на “размер на анимација” 1х (animation scale 1х). Целта е да се влезе во секоја од нив и таа бројка да се намали на “0,5х”.
На крајот е потребно повторно да се покрене телефонот кој за сигурно ќе работи побрзо благодарение на овој трик.
Важна напомена: ако не сте стручни и не се разбирате премногу во Android оперативниот систем, не менувајте ништо друго внатре во опцијата за девелопери освен горе споменатото.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top