Опција на Facebook прогласена за незаконска

Највисокиот суд во Германија прогласи една функција на Facebook за незаконска

 |  инфодеск  | 

Во тужбата, која во 2010 година ја поднесе здружението за заштита на потрошувачи, највисокиот германски суд за незаконска ја прогласи функцијата на Facebook која пријателите на корисниците ги повикува да се придружат.

Како што пишува Guardian, судот со тоа ги потврдил двете пресуди во пониските судови во Берлин од 2012 и 2014 година, кои утврдиле дека Facebook ги крши законите за заштита на податоци и нечесни трговски дејствија.

Спорната функција ги повикува корисниците на Facebook да му допушти од нивниот адресар да зема е-mail од пријателите за да ги повикува да се придружат на мрежата. Сојузниот суд заклучил дека Facebook не ги известил доволно своите корисници за тоа дека ќе ги користи нивните податоци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top