Какви опасности се закануваат од перницата?

Што се крие во вашата перница

 |  инфодеск  | 

Општо познато е дека удобната перница е повеќе од потребна за квалитетен сон. Но, дали сте се запрашале кога последен пат сте ја замениле и што се крие во неа?

Најголема грешка која ја правиме кога се во прашање перниците е тоа што ги користиме предолго, притоа не размислувајќи за тоа што се се задржува во нив.

Перниците би требало да се менуваат секои шест месеци до две години, наведува Robert Oexman, директор на Sleep to live институтот. Со користење на перницата подолго од предвидениот рок, ризикуваме бројни здравствени проблеми предизвикани со спиење без доволно потпора за главата и вратот.

Но, најголем проблем стануваат бактериите и правта. Со секојдневно користење, перниците впиваат пот, масло од телото и изумрени станици на нашата кожа и со тоа стануваат мал рај за собирање на, за нас со око невидливи, животинчиња кои можат да предизвикаат респираторни проблеми, акни и алергиски реакции, пренесува news.com.

Протеините кои предизвикуваат реакции на прашина вообичаено се наоѓаат во перниците а не во воздухот. Токму затоа голема е веројатноста дека причина реакциите е перницата. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top