Опасност во Европа – 180 терористи се спремни за напади

Моментално се закануваат околу 20 терористички ќелии

 |  инфодеск  | 

Извор од разузнувачките агенции рекол за CNN дека моменталните терористички закани вклучуваат 20 терористички ќелии во кои се помеѓу 120 и 180 лица спремни за напади во Франција, Германија, Белгија и Холандија. Изворот рекол и дека европските и блискоисточните разузнувачки агенции идентификувале “непосредна опасност” за Белгија, а можеби и за Холандија.

Во Белгија е на снага висок степен на приправност по големата антитерористичка акција во која беа убиени двајца мажи за кои имаше сомнение дека се исламистички милитанти. Тие се убиени во градот Вервие откако пукале на полицијата од автоматско оружје во четвртокот навечер.

Спрема тврдењата на официјалните лица, тие се вратиле од Сирија и планирале непосредни напади на полициски сили. Уште еден осомничен е ранет при престрелката пред апсењето.

За време на ноќта се спроведени претреси на подрачјето на Брисел. По вчерашната акција, обвинителот Eric Van Der Sypt рекол дека заканите од тероризам се подигнати на ниво три, а тоа е второ највисоко.

Се осврнал и на самиот напад каде истакнал дека осомничените отвориле оган на полициските единици пред да бидат неутрализирани. По операцијата се пронајдени четири калашникови, опрема за изработка на бомби и полициска облека. Безбедносните сили сеуште се на подрачјето на Вервие.

Меѓудругото, белгијските официјални лица изјавиле дека околу 300 лица ја имаат напуштено Белгија за да се борат за исламските милитанти во Сирија и Ирак.

На конференцијата за новинари е кажано дека спрема информациите со кои располагаат, нападот кој се припремал нема поврзаност со нападите во Франција, а Van Der Sypt рекол дека белгијската истрага била во тек пред терористичкиот напад во редакцијата на Charlie Hebdo.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top